Дали и какви ризици постојат за претприемачите? Дали бизнис ангелите може да им ја затворат фирмата? - Македонија Денес

Дали и какви ризици постојат за претприемачите? Дали бизнис ангелите може да им ја затворат фирмата?

Опомена!!!

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 9

Ако ја споделам идејата како може да знам дека нема да ми ја украдат?

Дел од ризикот за водење на бизнис е дека некој ќе може да ја копира вашата идеја или да ви биде конкуренција. На светот има многу идеи, но вистинскиот предизвик лежи во нивната реализација. Бизнис ангелите немаат за цел да го водат секојдневниот бизнис. Нивната цел да е ги инвестираат своите средства и за неколку години да ги добијат назад. Така да, тие не би биле заинтересирани во имплементацијата на вашата идеја, туку нејзиното финансирање. Ако имате идеја која може да се реализира, а ја чувате за себе, тогаш таа никогаш нема да стане реалност и ќе постои само во вашата глава, што нема да има голема корист за вас ниту пак за општеството.

Доколку имате направено некоја иновација тогаш најдобро е истата да ја патентирате и да ја заштитите пред да ја презентирате пред другите. Во случај да не сте во можност да ја патентирате вашата идеја, а сакате да ја презентирате, тогаш можете да презентирате како истата фунционира без да ги откривате деталите во врска со дизајнот.

Како може да знам дека парите со кој инвестира бизнис ангелот се легално заработени?

Во некои земји постои акредитација на бизнис ангели. При овој процес, инвеститорите подлежат на процес на верификација за стекнатото богатство и се потврдува дека парите се легално стекнати. Во Македонија се уште нема закон за бизнис ангели ниту пак процес на акредитација. Во Европа, постои Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN) која има кодекс на однесување за бизнис ангелите каде што стандардите на однесување и инвестирање мора да подлежат на етички стандарди. Доколу бизнис ангелот не е член на некоја мрежа на бизнис ангел тогаш не постои можност да се провери дали парите се легално заработени или не. Најсигурно е да се соработува со бизнис ангели кои се дел од признати мрежи на бизнис ангели кои се придржуваат до високи етички стандарди како што се EBAN и нејзините членки или пак да се соработува со бизнис ангели акредитирани од јавни инстутции.

Дали и какви ризици постојат за претприемачите? Дали бизнис ангелите може да им ја затворат фирмата?

Важно е да се напомне дека во секоја земја стапката на успехот и неуспехот на ангел инвестициите е различен, но вообичаено стапката на пропаднати инвестиции се движи околу 50%. Во Велика Британија, таа изнесува 40%. Со оглед на тоа, нема гаранција за претприемачот дека со самото здружување со бизнис ангел дека бизнисот ќе биде успешен.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »