Како стартап да избегне опасни инвеститори и можни проневери - Македонија Денес

Како стартап да избегне опасни инвеститори и можни проневери

Опомена!!!

Поучна приказна.

Еднаш ги занемарив предупредувачките знаци на опасен инвеститор, да го наречеме Томас. Имав $700,000 проневера во мојата компанија. Општо познато е дека има  таканаречени “паметни”,”скапи”,”евтини” и “глупави” пари, но исто така има и “опасни” пари. Имав собрано над 1 милион долари за мојот прв стартап од прекрасни инвеститори на кои сум горд што имаме партнерство. Но, за време на целото успешно собирање на средства, направив една огромна грешка, прифатив  средства од страна на Томас.

Цената на оваа грешка со мојот бизнис оди подалеку од само $700,000. Тоа му наштети на моралот на тимот, исцеде часови од моето и времето на мојот тим и не спречи во растењето на нашиот бизнис. Иако добивме некои ресурси од него, тие пари не беа вредни за целата создадена главоболка. Не вредеа ниту за стресот со кој што постојано се справувавме во девет месеци. И да, губењето на $700.000 очигледно не беше ни најмалку пријатно.

119833_650_

Приметив предупредувачки знаци во однесувањето на Томас, нетранспарентност, без јавни настапи, приредуваше тајни вечери, тајни изненадни состаноци, но ги игнорирав затоа што имав очајна потреба од пари. Сега немам толкава толеранција за одредено однесување од страна на инвеститорите, а и постојат одредени црни точки, кои кога ги забележам, се оддалечувам најбргу што можам. Јас би одбил и инвестиција, само за повторно да не влезам во ризична ситуација.

Томас ме убеди дека повеќе од 55% од акциите од мојата компанија треба да бидат во сопственост на неговата компанија, со што тој би можел да ги продаде на негови богати контакти со цел да се оствари профит. После тоа, тој би ја уновчил продажбата преку меница и ние ќе ја добиевме ветената инвестиција. Меницата е баш таква каква што звучи – легален документ со кој се потврдува дека некој должи одредени средства кон некого. За жал, сето тоа беше само ветер и магла наместо вистински средства. Знам дека изгледа лудо што му поверував, но тој помина многу време градејќи соработка пред сето тоа да се случи. Мислев дека можам му верувам.

(Бесплатен совет: не им давајте предност на вашите пријатели инвеститори, разговарајте со нив, преговарајте со аргументи, доколку без аргументи бегаат од win-win ситуација тие не ви мислат раст и развој)

Еве неколку начини на однесување кои ги издаваат ваквите инвеститори:

  • Алчност: Томас не се грижеше воопшто за мојот тим, тој само сакаше да заработи преку целата ситуација. Инвеститорите и претприемачите постојат за да профитираат и тоа не е воопшто проблем. Но проблем е кога профитот е единственото нешто за кое што тие размислуваат. Во мојата ситуација, тимот не беше исплатен неколку пати поради неговата неспособност да исплати дел од договорената инвестиција.

nameriha-lek-za-alchnost-293218

  • Игра Супермен: Томас ги поминуваше првите 30минути од секој разговор зборувајќи за неговите признанија, успеси и ингеренции. На парите не им треба промовирање – тие зборуваат сами за себе. И на крајот од денот, тој требаше да биде способен да го напише проклетиот чек. Но тој не можеше, па само се промовираше самиот себе што се направил во минатото и какви бизниси имал пред дваесет или триесет години.

(Исклучок од ова е ако инвеститорот има конкуренција за вложување во одреден дел од капиталот. Во тој случај, инвеститорите мора да се докажат)

  • Не ја познава индустријата: Томас го донесе неговиот инвестициски советник за недвижнини во индустрија на потрошувачки производи. Настрана од проневерата што ја направи, самото негово непознавање на индустријата ме одвои од него. Потрошивме многу од моето и неговото време за да направиме моделот да воопшто проработи.
  • Параноја: Томас беше себичен и непријатен бидејќи тој немаше одредено ограничување во неговиот буџет наменето посебно за инвестирање. Јас бев заглавен со состаноци и повици за да му докажам дека се беше во ред со малата сума на пари која ми ја даде. Инвеститор како Томас има многу барања за малку пари.

 

За да го свртиме овој настан од негативно кон позитивно, ќе наведеме неколку типови на инвеститори со кои што партнерството би било добредојдено:

  • Богат: Тој верува во тебе и е подготвен да ги жртвува сопствените пари, не давајќи само празни ветувања дека ќе донесе пари од други извори, исто како што и ти ќе инвестираш свои пари.
  • Страстен: Тој е страстен за вашата компанија и возбудени за партнерството со вас.
  • Брзо се движи: Ви дава реалистични ветувања кои планира да ги исполни и е подготвен веднаш да ги поткрепи истите.
  • Има познавања: Ја познава вашата индустрија и разбира како инвестициите се движат во истата.
  • Толерантен на ризик: Тој е способен да инвестира без стрес и е подготвен да изгуби пари заради вашиот потфат, искусувајќи заедно со вас дека претприемачката игра е ризична.

alchnost

Постојат многу добри инвеститори кои се навистина прекрасни луѓе и некои од нив може да се викаат и Томас, или некој со друго име. Но ако сакате да ги избегнете нервозите предизвикани од страна на опасен инвеститор, влезете во процесот на собирање средства со широко отворени очи. Никогаш не дозволувајте големината на можноста да го засени вашето расудување.

DrX

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »