Кој може да биде бизнис ангел? - Македонија Денес

Кој може да биде бизнис ангел?

Опомена!!!

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 1

1.Што е бизнис ангел? Зошто се викаат ангели?

Бизнис ангели се влијателни и богати индивидуи од различни сфери на бизнис секторот кои го инвестираат нивниот личен капитал, мрежа, искуство и менторство во старт-ап компании (обично во нивната рана развојна фаза) со цел да го зголемат својот капитал во иднина. Нешто што е заедничко за сите бизнис ангели е тоа што тие се или претходно биле претприемачи.
Се викаат ангели, затоа што тие се единствените инвеститори кои вложуваат во најризичната фаза во развојот на еден бизнис, и во суштина прават добро дело со тоа што им помагаат на новите бизниси да станат успешни, а ги немаат потребните финансии, искуство, ниту мрежа да го сторат тоа.

2.Кој може да стане бизнис ангел?

Бизнис ангели може да станат луѓе кои се на врвот по приходи и акумулиран капитал во една земја и негуваат високи етички вредности. Тие веќе имаат стекнато големо искуство од областа на претприемништвото и индустријата во која работат. Вообичаено станува збор за луѓе од 45-65 годишна возраст, но во поново време се среќаваат и доста помлади бизнис ангели од 30-45 години, особено од ИТ и технолошкиот сектор.

3.Зошто некој би станал бизнис ангел?

Главна цел на бизнис ангелите е зголемување на нивниот капитал преку инвестиција. Тие воглавно бараат идеи кои се истовремено возбудливи и имаат голем потенцијал за брзо растење. Ги поткрепуваат претпримачите кои стојат зад тие идеи како и нивните цели.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »