Правила за покренување старт-ап компанија - Македонија Денес

Правила за покренување старт-ап компанија

Опомена!!!

Сопственикот на американскиот НБА тим Далас Маверикс, Марк Кубан, уште во 2011 година ја објави книгата „Како да победите во спортот наречен бизнис: Ако можам и јас, можеш и ти“!.

Книгата стана своевидна „библија“ за идните претприемачи и оние кои така се чувствуваат, а насоките од хрониката за животот на Кубан и неговите работни искуства ги усвојуваат многу почетници во светот.

Неговите парвила, како што истакнува, не се само за оние кои основаат компанија, туку и за оние кои мислат дека работат во нив!

  • Не формирај компанија доколку тоа не е твоја опсесија или нешто што го сакаш.
  • Доколку имаш стратегија за „бегство“, тогаш тоа не е опсесија.
  • Вработи луѓе за кои сметаш дека ќе им се допаѓа што работат кај тебе.
  • Продажбата ги „лечи“ сите. Дознај како твојата компанија ќе прави пари и како ти навистина ќе правиш продажби.
  • Запознај ја ствојата основна конкуренција и фокусирај се да бидеш подобар од нив. Плати ги повеќе луѓето во твојата основна дејност. Најди ги најдобрите. А надвор од основната дејност, вработи луѓе кои ќе се вклопат во твојата култура, но не се скапи за плата.
  • Екпресо машина? Ме зафркаваш? Кафето е за оние кои остваруваат продажби. Водата е бесплатна. Ручекот е шанска да излезете од канцеларија и да зборувате со луѓето. Денот има 24 часа и доколку луѓето ја сакаат својата работа, тие ќе пронајдат начини да го искористат денот што повеќе за да ги завршат своите задачи.
  • Без канцеларии. Отворените канцеларии ги држат сите во тек што се случува и ја задржуваат енергијата. Доколку некој вработен посакува приватност, покажете му како да ја користи бравата за заклучување во тоалетите. Нема ништо приватно во старт-ап. Ова е и добар начин да се држите подалеку од вработување на вакви лица кои нема да можат да управуваат успешно во старт-апот. Мојот најголем страв отсекогаш бил вработување на личност која сака да изгради цела империја. Ако лицето бара да лета со прва класа или да си донесе сопствена секретарка, побегни.
  • Во однос на технологијата, работи со она што го познаваш. Тоа е секогаш најскапиот начин. Доколку знаеш за Apple, искористи го. Доколку користиш Vista, запрашај се себе си зошто, па потоа користи ја. Тоа е стартап фирма, па дозволи на вработените да го користат она што го знаат.
  • Одржувај ја организацијата рамна. Доколку имаш менаџери кои доставуваат информации до други менаџери во старт-ат, ти нема да успееш. Откако ќе ја надминеш старт-ап фазата, а имаш менаџери кои доставуваат информации на други менаџери, тогаш можеш да креираш политика.
  • Не купувај маички со лого на компанијата. Сигурен знак на несупех за стартапи е кога некој ќе ми прати маичка испринтана со лого. Доколку твоите луѓе се на некое шоу или во јавност, во ред е да се купат за твоите вработени, но доколку навистина мислиш дека луѓето ќе ги носат твоите брендирани маички кога се надвор, грешиш и немаш идеја како да ги трошиш твоите пари.
  • Никогаш не ангажирај ПР фирма. Фирмите за односи со јавноста ќе ги контактираат лицата во медиумите за кои што веќе читаш, на телевизиските емисии кои веќе ги гледаш и вебстраниците кои постојано ги пребаруваш. Овие луѓе ги објавуваат нивните електронски адреси. Кога и да приметиш одредена информација поврзана со твоето поле, превземи ја емаил адресата од лицето кои што ја објавува информацијата и прати им нив порака запознавајќи ги со себе и со компанијата. Нивна работа е да пронајдат нови вработени. Тие ќе се заблагодарат затоа што контактираат со основачот наместо со некоја ПР личност. Откако ќе воспоставиш комуникација, организирај се за да можеш да им одговориш на прашањата за индустријата и биди извор за нив. Ако си паметен, тие ќе те користат.
  • Направете ја работата забавна за вработените. Држи го пулс на нивото за стрес и достигнувања на вработените и награди ги. Мојата прва компанија, MicroSolutions, кога имавме рекордна продажба, или некој направеше нешто специјално, ќе излезев од канцеларија делејќи по 100$ на лицата одоговорни за продажба. Во Broadcast.com и MicroSolutions, која ја лансиравме Камиказе, ќе ги изнесевме луѓето во бар до еден, и ќе ги почастиме по 1 или повеќе пијачки. Тие секогаш сакаа добра забава.

Како стартап да избегне опасни инвеститори и можни проневери

извор:Лидер

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »