Куќа од сништата има само 55 квадрати и ќе ве воодушеви (фото) - Македонија Денес

Куќа од сништата има само 55 квадрати и ќе ве воодушеви (фото)

Опомена!!!

Неверојатниот проект на јапонската компанија  “Mizuishi Architect Atelier” е минијатурната куќа од 55 квадрати која има се и која е бескрајно симпатична.

Тоа што е неверојатно е што без оглед на квадратурата во оваа куќа има се што ви е потребно за функционален живот. Куќата однадвор изгледа како модернизирана колиба. Дневната соба се наоѓа во приземјето, а голем број прозори овозможуваат просторијата да биде убаво осветлена што според зборовите на архитектите ви дава чувство дека „лебдите во просторијата“.

Кујната се наоѓа на катот заедно со просторот во кој семејството може да се собере за време на оброк. Креаторите на оваа куќа се решиле за минимализам и ѕидови кои се бојадисани во бела боја за да се постигне ефект на голем простор.

Фото: Mizuishi Architect Atelier

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »