Повеќе од 70 000 луѓе ја инсталирале новата апликација, под назив „iPassion“, за која основачите и креаторите на оваа интересна „игра“ тврдат дека може да го подобри сексуалниот живот на многу двојки.
Апликацијата е достапна ширум светот и помага да научите повеќе за желбите на партнерот и тоа низ игра. Посебно е добра за оние малку срамежливите, кои не сакаат да зборуваат за сексуалните желби и фантазии, додека преку оваа игра постои голема можност низ шега и смеење да откријат што навистина посакуваат.
-Сакавме да направиме игра која ќе им биде забавна на луѓето и која во исто време ќе им помогне да го унапредат сексуалниот живот низ интересен разговор за сексуалните желби и фантазии. Веруваме дека апликацијата дополнително ќе ги зближи луѓето и дека има потенцијал да ги расчисти недоразбирањата и го зголеми квалитетот на сексуалниот живот“, истакнува креаторот на апликацијата Мартин Мојле и нагласува дека неретко на луѓето им е тешко да зборуваат за своите желби со партнерот.
Во оваа симпатична игра двојките се натпреваруваат едни против други во тоа кој повеќе знае што нивниот партнер сака или не сака. Едно од прашањата е „Што најмногу го одбива вашиот партнер?“, а меѓу одговорите е „грицкање на ноктите, влакната на рацете, влакната на нозете и мрсна коса“.
Целата е точно да се одговори на што повеќе прашања за да победите во рунди и добиете „жешки награди“, помеѓу кои се масажи, излегување, подготвување на јадење и слично.
Интересно, зарем не?Дали сте подготвени за овој предизвик?
мкденес / Иновации / ИКТ / ICT / Веднаш ќе ја инсталирате: Оваа апликација ќе ви помогне да го подобрите вашиот сексуален живот (видео)
тагапликација видео игра секс топ
Може да ве интересира
Не ги фрлајте старите компјутери, полни се со злато(видео)
Општо е познато дека електрониката се состои од различни скапоцени метали, вклучувајќи и злато. Токму …