Топ 10 најиновативни универзитети во Европа (видео) - Македонија Денес

Топ 10 најиновативни универзитети во Европа (видео)

Опомена!!!
Ројтерс оваа година по вторпат ги одбра најиновативните универзитети во Европа- рангирање направено според тоа колку овие едукативни институции создаваат нови технологии, напредуваат во науката и помагаат да се придвижи глобалната економија. Погледнете ја топ 10 листата:

10. Оксфорд, Велика Британија– Ги комбинира традицијата и иновативноста во вештачката интелигенција, здравствената грижа и роботиката.

9. Цирих Универзитет, Швајцарија– Дури 12 добитници на Нобелава награда завршиле на овој престижен универзитет.

8. Делф-универзитетот за технологија, Холандија-Овде се прават иновативни научни истражувања од полето на квантниот интернет и енергијата добиена со помош на ветер.

7. Универзитетот Пјер и Марија Кири, Франција- Најголемата научна и медицинска истражувачка институција во оваа држава.

6. Универзитетот Ерланген, Германија– Тука е креиран најмалиот мотор на светот, направен со само еден атом.

5. Федерално политехничко училиште, Швајцарција– Познато е по работата на суперкомпјутер кој го стимулира човечкиот мозок.

4. Технички Универзитет Минхен, Германија– Оваа институција учествувала во креирањето на  над 800 нови компании на пазарот.

3. Кембриџ, Велика Британија– Со традиција од 900 години, овој универзитет е познат по тоа што овде дипломирале 81 добитници на Нобелова награда.

2. Империал Колеџ, Лондон– Тука е откриен пеницилинот и оптичките влакна.

1. КУ Ловен, Белгија– Постои веќе 600 години, а овде се измислени над 586 иновации. За истражување има буџет од 499 милиони долари.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »