Погледнете како изгледа возење со дрон за луѓе: Може да лета со брзина од 100 км/ч (видео) - Македонија Денес

Погледнете како изгледа возење со дрон за луѓе: Може да лета со брзина од 100 км/ч (видео)

Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email
Опомена!!!

Изгледа дека во денешно време дроновите прават се, од снимање на големи спортски и музички настани, но овој кој го направила кинеската компанија Еханг со својот концепт отиде чекор понапред.
Кинезите желни за докажување во Лас Вегас го претставија дронот кој вози луѓе. Прототипот наречен Еханг 184 е прво беспилотно летало за превоз на луѓе, пишува TechCrunch.
Доста наликува на хеликоптер без пропелери, а единствена мана му е што во него може да се вози само едно лице.
Патникот влегува во дронот, ја впишува дестинацијата, потоа го притиска копчето за полетување и кога ќе добие знак го притиска копчето за слетување.
Тоа е се што човеко мора да го направи кога се вози со овој кинески дрон.
Комерцијалната верзија на дронот 184 ќе полетува и слетува вертикално, а во воздух ќе може да забрзува до 100 километри на час.
Максимална висина на летот е 3500 метри, а како што најавуваат Кинезите батеријата ќе може да издржи 23 минути лет.
Компанијата Еханг тврди дека може да се намали на само метар и половина и да се смести на стандардно место за паркирање.
Погледнете го видеото и самите уверете се во неговите можности и карактеристики:

Опомена!!!
Facebook Twitter Pinterest Linkedin Google + Email

Поврзани вести

Translate »