Нема Фејсбук ниту Инстаграм: За неа велат дека е новиот Алберт Ајнштајн, а Стивен Хокинг редовно ги следи нејзините истражувања - Македонија Денес

Нема Фејсбук ниту Инстаграм: За неа велат дека е новиот Алберт Ајнштајн, а Стивен Хокинг редовно ги следи нејзините истражувања

Опомена!!!

Сабрина Пастерски е небрусениот дијамант на бостонскиот институт МИТ, Стивен Хокинг редовно ги чита нејзините трудови и ги следи истражувањата, а Џеф Безос со години се обидува да ја ангажира за неговиот вселенски програм  “Blue origin”.

Сабрина има 24 години и дипломирала на Масачустес институт за технологија (МИТ), а тогаш почнала да подготвува докторат на Харвард. Нема Фејсбук, Инстаграм ниту Твитер. Не пуши, не пие. Безусловно ја сака физиката. Многумина сметаат дека е новиот Алберт Ајнштајн.

Сабрина Пастерски

Денес ги изучува црните дупки, гравитација и правила кои ги регулираат просторот и времето, пред се од точка на гледањето на квантната механика. Нејзините професори од Бостон биле фасцинирани од нејзината појава кога се појавила. На само 14 години Сабрина конструирала прототип на авион. Летањето е всушност нејзината голема пасија, а на само 10 години почнала да оди на часови за управување на авион. Четири години подоцна веќе сама летала.

Сабрина Пастерски

На Сабрина и се воодушевуваат, иако таа не сака да биде во центар на внимание. Нејзините истражувања всушност би можеле радикално да ја сменат концепцијата за вселената на нејзините славни претходници. Тоа што го прави стигнало и до НАСА, каде нејзиното име почнало да ги скокотка најбрилијантните умови во Америка.

Сабрина е прва во нејзиното семејство родена во Америка. Нејзините родители се Кубанци кои се доселиле во Чикаго во потрага по подобар живот. Ни кога била помлада не ја привлекувале социјалните мрежи, па профил ниту ден денес нема ниту на една од нив. Единствениот порок кој го признава дека го има е сајтот PhysicsGirl,каде ги објавува своите успеси, истражувањата и сите насловни страни од магазините кои веќе со години пишуваат за неа.

Сабрина Пастерски

Сабрина признава дека морала да преброди различни пречки за да ја совлада физиката, науката која ја опишува како „елегантна“ и „многу корисна“.

Таа е девојка која цврсто стои на земјата. Сабрина нема момче и како што вели целиот нејзин живот е физиката.

-Таа е возбудлива сама по себе. Кога сум изморена спијам, кога сум бидна мислам на физика“, вели Сабрина.

Сабрина Пастерски

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »