Македонија ја има првата клиника (Pet Friendly Place) - Применуваме терапија со домашни миленици – Проф. Д-р. Аспазија Софијанова - Македонија Денес

Македонија ја има првата клиника (Pet Friendly Place) – Применуваме терапија со домашни миленици – Проф. Д-р. Аспазија Софијанова

Опомена!!!

15895123_10154556630212034_6365142309729734903_nАкција (Pet Friendly Places) – Познатите и нивните домашни миленици

Натпреварот за “НАЈТРЕНДИ МИЛЕНК ЗА 2016 година”  заврши. Целта на истиот беше подигање на свеста за улогата на домашните миленици во нашите животи, за улогата на милениците во семејствата со децата и за нивната инклузија во општеството. За таа цел, сите пријавени учесници, но и оние кои сакаатда се вклучат се поканети на 13ти Јануари 2017година на дружба во акцијата за означување на “Pet Friendly Places”. Места каде може да влезете и престојувате со вашиот домашен миленик (организации, кафетерии, книжари, угостителски објекти, хотели, јавни установи, итн..)

Во оваа акција веќе ни се приклучија и неколку од познатите лица и општествено одговорни сограѓани.  Во најава истите ќе бидат објавувани до 13ти Јануари кога ќе може да се дружиме сите заедно.  Ќе може да гласате и за нив и нивните миленици. За оние со најмногу гласови ќе следуваат изненадувања.

Како соговорник денес на Божиќ, на овој голем празник е почитуваната Проф. Д-р Аспазија Софијанова, директор на “Клиниката за детски болести – Скопје”, како и нејзиното домашно милениче Нони Софијанов. Таа во ова ексклузивно интервју за Македонија Денес ќе ни открие нешто ново и иновативно што се применува на клиниката за детски болести во Скопје.

МД: Како клиниката со својот персонал на исклучителни доктори и нивните тимови се доближува до светските познати клиники и новите методи на лекување?

АС: Изминатите години воведовме многу новитети и измени во самото работење, имавме исклучителни успеси на клиниката водени од докторите кои работат тука, но и во соработка со еминентни странски колеги. Сепак на темата ќе издвојам употреба на асистенција на домашни миленици во третманот на болестите кај дечињата (ААТ). Еве, Даниел од Куманово со неговото кученце од расата Бо беше првиот таков случај каде домашното милениче беше дел од тимот на клиниката и дел од прегратките…

(ААТ – Animal Assisted Therapy) Терапија на деца со асистенција на домашни миленици.

Животното помага во воспоставената дијагноза и терапијата од докторите, дава на децата чувство на контрола, ја нормализира околината во болница и терапијата која ја примаат, a децата ја чувствуваат како еден вид игротека, нудејќи им и на пациентите и на животното другарство, а присуството на домашниот миленик дејствува смирувачки.

Научните истражувања покажуваат дека интеракцијата на пациентот со животното може да обезбеди позитивни физички и емоционални придобивки. Тоа го намалува нивото на стрес и создава чувство на благосостојба. Животните со помош на терапија делува како катализатор за да се мотивираат пациентите да си помогнат самите себеси. Детето среќно ќе си го земе кучето на прошетка, или ќе му фрли топка, заборавајќи на болката и за многу пократко време ќе си оди дома.

Меѓу главните предности на животните со помош на терапија се начините што ги мотивира децата да:

    • Стануваат, се движат, одат, ја напуштаат својата соба и одат да играат;
    • Учествуваат во терапија (физички, професионални и говорна комуникација);
    • Забораваат на своите непријатности или болка;
    • Комуницираат со другите деца, се грижат за животното;
    • Подобрување на нивното расположение;
    • Подобрување на нивните интеракции со семејството и вработените;
    • Да прават работи сами што може да бидат потешкотија, како што се да јаде, потоа употребата на лекарства, комуникација со персоналот или чекање на одредени наоди и испитувања.

Сепак оваа новост и иновативност од страна на докторите, поставивме и неколку прашања за Нони како и за другите соговорници, а во врска самата иницијатива:

МД: Каков е вашиот однос кон домашните миленици, какво место има тој/таа во вашето семејство и од кога имате домашен миленик?

АС: Односот ми е како и со дечињата на работа, ги држам, ги галам и негувам како бебиња. А Нони, Нони го имаме од неодамна но тој е веќе дел од семејсвото.

15965098_10154556630227034_5249287545189866374_n

МД: Дали сте имале проблеми кога со вашиот миленик ќе влезете некаде во вашиот град или низ Македонија?

АС: Досега не сум имала некакви проблеми со Нони кога шетаме или кога одам некаде, но сепак недостасуваат места каде ќе може да се седне, да се помине некое време за дружба, а уште побитно каде милениците ќе се чувствуваат безбедно со нас.

МД: Опишете ни ја реакцијата на дечињата кога ќе ве видат со миленик, како реагират?

АС: Уфф.. за децата во психосоматска терапија се дефинитивно најдобриот лек и љубов. Тоа е нешто што го применуваме и на клиника и дава одлични резултати во закрепнувањето на децата.

МД: Што ќе им препорачате на оние што немаат домашен миленик?

АС: Препорачувам да се има домашен миленик независно дали е кученце или друго животинче, а исто така препорачувам и за родителите и пријателите на децата во нашата клиника да доаѓаат со домашни миленици при посетите на децата кога се болни, тоа е најдобриот лек.

Проф. д-р. Аспазија Софијанова родена во Скопје 1965 година. Основно и средно образование завршила во Скопје, а матурирала во САД. Медицинскиот факултет во Скопје, го завршила во 1990 година со просек 9,37.  На ЈЗУ Универзитетска Клиниката за детски болести во Скопје е вработена од 1991 година. Во 2000 год добива посебен грант за едномесечен престој во Грац (Австрија), на одделот за педијатриска интензивна во Универзитетската клиника, а како стипендист на Светската банка (World Bank) во 2001 година Јануари-Јули, во Сиднеј(Австралија) (Prince Royal Alfred Hospital in Sydney-Australia, Department of Gynecology and obstetrics and neonatology University), својата едукација ја продолжува во 2002-2003 година во Америка на универзитетот во Вашингтон (George Washington University in Washington, DC, USA, Department of Pediatric Intensive Care).

Со своето стекнато знаење  во престоите реализирани во врвни медицински установи во странство, учествува во стручното унапредување на службата за интезивна нега и терапија преку воведување на соодветни методи за дијагностика и третман на критично новородени и предвремени новороденчиња.

Основоположник е на тимот за детска кардиохирургија во јавното здравство, под менторство на светскиот познат детски и неонатален кардиохирург Проф.д-р Вилијам Норвик кој со својот тим од анестезиолози, педијатри, перфузионисти, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детска хирургија ги извршија првите кардиохирушки интервенции. Промовирана е во звање Примариус во Март 2013 година.

Проф. д-р. Аспазија Софијанова е активен истражувач со посебен интерес во областа на детската интезивна нега и терапија и неонатологија. Главен истражувач-Раководител е на национален научно-истражувачки проект “Рано дијагностицирање и психолошки третман на деца со развојни растројства и психолошки компликации при хронични заболувања” финансиран од Министерството за образование и наука 2012 година.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »