среда, 7 декември 2016
Следете не на FACEBOOK!!!
мкденес / Забава / Патување / Најубавите пештери во Македонија(фото)
Ви благодариме!
pestera peshna_600x400

Најубавите пештери во Македонија(фото)

На ова мало парче земја природата формирала 346 пештери кои досега се пронајдени, иако некои податоци кажуваат дека ги има околу 500.

pesteri

Некои од пештерите имаат подземни реки и езера и претставуваат дом на ретки подземни форми на живот.

Ви претставуваме мал дел од најубавите пештери – разгледници од Македонија.

Пешна
На 6 км. од Македонски Брод е Пешна, пештера која им е позната на малкумина, а која претставува вистинско природно богатство кое плени со својата убавина. На влезот на пештерата има средновековна тврдина, а пролетниот период, поради топењето на снегот, силен вруток потекува од северниот дел на Пешна.

Врело
Пештерата лоцирана на кањонот на Матка е една од најубавите во Македонија. Се состои од две пештери од кои едната е подводна. Се претпоставува дека подводниот дел е длабок 330 метри, а доколку овој податок е точен, Врело би била најдлабоката подводна пештера во светот.

Со својата убавина се издвојуваат и пештерите Гоновица, Слатина, Убавица и Пурало.

Слатина

Пурало

 

Може да ве интересира

Анкара низ фото-обjeктивот на македонски студент

Веднаш по симнувањето од Esenboğa аеродромот во Анкара, ме пречека едно сосема поразлично расположение од …

Translate »