Луна советува: Внимавајте на тежината на вашето куче (фото/видео) - Македонија Денес

Луна советува: Внимавајте на тежината на вашето куче (фото/видео)

Опомена!!!

Добро утро драги читатели. Јас само што појадував и сега ќе си играм со моите играчки. Секој ден се придржувам кон својот режим на исхрана: појадок рано наутро помеѓу 7 и 8 часот и ручек помеѓу 16 и 18 часот. Овој режим го воспоставија моите сопственици и јас со задоволство се придржувам на истиот бидејќи оброците ги јадеме заедно, семејно.

Во поглед на порциите и количеството кое го добивам тоа е исто откако наполнив 10 месеци. Сега тежам 3.8 кг што е во границите на нормалната тежина за мојата раса малтешка пудла која е до максимум 5 кг. Мошне е битно да се одржува тежината и да не се дебелеат вашите миленици. На таа тема ќе ја посветам мојата денешна колумна. Корисни совети како да спречите прекумерно дебелеење на вашето куче, кои се последиците и симптомите кои може да се појават.
update-home-remedies-overweight-dogs-1
Статистиката покажува дека на пример во САД 40% од домашните миленици се со прекумерна тежина, а речиси истиот процент важи и за Европа. Од друга страна пак процентот на сопственици на миленици кои сметаат дека нивниот миленик е со прекумерна тежина е значително понизок од 40%.

 

Ви ги претставувам петте симптоми и последици кои може да настапат од прекумерна тежина на вашето куче:

  1. Не можете да ги почувствувате ребрата на вашиот миленик. Ова е наједноставниот начин да се одреди дали вашето куче е со прекумерна тежина. Поминете по грбот на вашето куче за да видите дали ги чувствувате неговите ребра? Доколку можете да ги почувствувате сите ребра и да ги изброите, вашето куче е со нормална тежина. Доколку тоа не е случај вашето куче има прекумерна тежина.
  2. Вашето куче има проблеми со дишењето и ограничена физичка издржливост. Кучињата кои континуирано имаат проблеми со дишењето или оние кои лесно се изморуваат и по мала физичка активност се со прекумерна тежина. Кардиоваскуларните и респираторните нарушувања се првите знаци за ова. Доколку навреме не реагирате на долг рок може да доведе до конгестивна срцева слабост.
  3. Вашето куче има дигестивни промени и запек. Доколку вашето куче има редовни проблеми со запек, дебелината е најчесто причина за истото. Кучињата кои внесуваат премногу калории, а малку од нив ги согоруваат, особено доколку јадат богата или нездрава храна, се под висок ризик да развијат опасни состојби кои ќе влијаат врз способноста на телото на кучето истите да ги исфрли. Сето ова може да доведе до болести на панкреасот, проблеми со црниот дроб и дијабетес.
  4. Вашето куче се движи претпазливо. Кучињата со прекумерна тежина може да се движат претпазливо или да се ставаат во позиција на одмарање но со голем напор. Дебелината кај кучињата е фактор што придонесува проблеми за коските и зглобовите, како што се артритисот или хип дисплазија. Како и со конгестивната срцева слабост, постојат одредени раси на кучиња кои се предиспонирани да страдаат од хип дисплазија и тежок артритис кои настапуваат со одредена возраст на кучето. Нозете, грбот и зглобовите на кучето се под постојан притисок од тежината. Кај кучињата кои се веќе изложени на ваков ризик, дебелината доведува до мускулно-скелетнo влошување.
  5. Вашето куче има заоблен облик на телото. Кучето треба да биде во здрава здравствена состојба и облик на телото. Погледнете слика од вашето куче во профил. Без оглед на расата, ќе забележите различна нагорна патека од рамениците до колковите. Степенот под кој таа линија паѓа варира, но истата е очигледна и може да се види. Едноставно поминете со рацете странично по половината на кучето . Доколку има права линија од колковите до рамениците тогаш тоа е со прекумерна тежина.

fat-dog
Доколку вашето куче се здобило со прекумерна тежина поради прејадување и намалена физичка активност и прошетки, направете план за исхрана и прошетки и придржувајте се кон истиот сè додека вашиот миленик не ја намали тежината. Но, внимавајте намалувањето на тежината да биде постепено исто како и кај луѓето и притоа да се живее здраво и да се храни здраво. Доколку оваа состојба е резултат на други фактори, веднаш посетете ветеринар и консултирајте се што понатаму.

За крај не заборавајте на здравата исхрана. Еве на пример како јас уживам кога ќе добијам за десерт свежа јаболка.

 
Следете ме секојдневно на мојата facebook страна: https://www.facebook.com/LunaMalteseDog/

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »