Зошто во шопинг центрите нема прозорци и часовници? - Македонија Денес

Зошто во шопинг центрите нема прозорци и часовници?

Опомена!!!

Трговските центри, исто како и казината, користат трикови со помош на кои ги задржуваат купувачите подолго време, за да можат да трошат колку што е можно повеќе пари.

Веројатно досега сте забележале дека во шопинг центрите нема часовници, а во самите продавници нема прозорци.

Ова е затоа што трговците сакаат купувачите да изгубат поим за време, а погледот низ прозорецот и часовникот би ги потсетило колку време тие поминале таму.

Трговците, исто така, се обидуваат амбиентот во продавниците да го направат многу попријатен во самиот центар.

Тепихот е помек, музиката е пријатна, а температурата е прилагодена така што не сакате да ја напуштите продавницата барем некое време.

Кабините обично се наоѓаат на спротивната страна од влезот, за да видите што е можно повеќе роба пред да стигнете до местото за да ги испробате облеките.

Исто така, најевтините производи обично се наоѓаат на дното на полиците, додека најскапите и најатрактивните се секогаш на висина на погледот.

Зошто секој лифт има огледало? Причината се крие во човечката психа (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »