Зошто принцот Вилијам никогаш нема да носи бурма?За ова нема компромис!(фото) - Македонија Денес

Зошто принцот Вилијам никогаш нема да носи бурма?За ова нема компромис!(фото)

Опомена!!!

Кејт Мидлтон и принц Вилијам во брак се пет години.

За време на овој период, војводата од Кембриџ се покажал како добар сопруг за својата сопруга Кејт, и како грижлив татко за нивните деца за кои би направил се.

Сепак, за една работа кај принцот Вилијам не постои  компромис – тој никогаш нема да носи бурма!

Додека војвотката гордо го покажува свршеничкиот прстен со прекрасни 12 каратен син сафир, кој порано и припаѓаше на принцезата Дајана, покрај кој носи и елегантен златен венчален прстен, принцот Вилијам никогаш не го носи венчалниот прстен.

Вилијам знаел дека Кејт ќе ја сврши со него: Трите тајни на прстенот на принцезата Дајана (фото)

Вилијам

Причината за тоа е тоа што принцот едноставно не сака да носи накит, па се договорил со Кејт дека нема да ја носи бурмата.

Токму затоа, размената на прстените на венчавката во 2011 година во Вестминстерската палата никогаш не се случила, тук,у Вилијам и ставил прстен на Кејт, што се гледа и на снимката на размената на брачните завети.

Со оглед дека околу прстените се договориле уште пред венчавката, на Кејт фактот дека нејзиниот сопруг  нема да ја носи бурата воопшто не и пречи.

фото:Profimedia

Откриена тајната: Зошто принцот Вилијам и Кејт никогаш не се држат за раце?

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »