Зошто милијарда луѓе на светот ги купиле славните портокалови ножици, гордоста на богатата европска земја? - Македонија Денес

Зошто милијарда луѓе на светот ги купиле славните портокалови ножици, гордоста на богатата европска земја?

Опомена!!!

Класичните портокалови ножици навистина се иконски предмет кој му одолеа на испитот на практичноста и времето и оваа година прославија 50 – тиот роденден.

Ножиците се дело на дизајнерот Олоф Бакстром, а се продадени во повеќе од милијарда примероци. Колку се овие ножици незаменлив и култен примерок зборува и фактот што во татковината на нивниот иноватор, Финска, нивниот роденден се слави со специјална изложба во Хелсинки музејот за дизајн.

ножици

Тој едноставен домашен алат станал извор на национална гордост во земјата која инаку дизајнот го смета за доста сериозна ставка на живеењето, појаснува професорот по дизајн и култура од финскиот универзитет „Аалто“, Пека Корвенма.

Објаснува дека во Финска никој не вели „подај ми ги ножиците“, туку подај ми „фискарс“ како што е и името на култните ножици, со оглед дека повеќе или помалку никој ниту има други освен овие ножици со портокалови рачки. Во светот, тоа е далеку најраспространетиот производ кој доаѓа од Финска, пишува Си –Ен – Ен.

ножици

Сега ножиците се продаваат во најразлични бои, но некогаш имале само портокалови рачки и тоа воопшто не било случајно. Или пак било случајно?!

Дизајн кој го смени светот

Првите такви ножици ги направила финска фирма „Фискарс“ во 1967 година, а до денес се продадени повеќе од милијарда парчиња ширум светот.

ножици

Нивните ножици се разликувале од останатите на пазарот по тоа што биле од пресуван челик, а не од тешко железо, што била праксата.Ножиците од тешко железо најчесто ги користеле кројачите и тие биле скапи за изработка. „Фискарс“ го земал обликот на кројачките ножици и поевтин материјал – пластика, и креирал ножици чиј цел процес на изработка бил доста едноставен и далеку поевтин.  Токму тогаш ножиците станале попристапни за широките народни маси, пишува „Бизнис инсајдер“.

Што се однесува до бојата, планот бил да се прават во црвена, црна и зелена варијанта.

ножици

Меѓутоа…

Во машината во која се правела бојата за прототипот, останале компоненти за соковник, кој оваа компанија исто така го произведувала, а кој бил во портокалова боја.

На Олаф му се допаднала портокаловата боја, а се останато е историја.

Портокаловите ножици станале толку популарни што добиле свое место во музејот МоМа во Њујорк.

ножици

Произведувачот во текот на годините се поигрувал со разни бои на своите модели, а црвените рачки, колку за пример, служат за разликување на моделите за леваците.

фото:google

Популарната фраза „дијамантите се вечни“ крие неверојатна приказна

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »