Зошто кучињата ја наведнуваат главата кога нешто им зборуваме (видео) - Македонија Денес

Зошто кучињата ја наведнуваат главата кога нешто им зборуваме (видео)

Опомена!!!

Сигурно сте забележал дека кога нешто му зборувате на вашето куче, тој ја наведнува главата на страна. Со ова движење на својот сопственик сака да му порача:„Те слушам“.

Но, што всушност тоа значи?

Сакаат подобро да ве слушнат

Кучињата имаат подвижни ушни школки што им овозможува да го лоцираат изворот на звукот, а со помош на мозочните функции го одредуваат времето на звукот кое досега до увото. Кога кучето ја движи главата тоа всушност се снабдува со дополнителни информации, односно тоа му помага подобро да го лоцира местото и оддалеченоста на изворот на звукот.

куче

Се обидуваат да не разберат

Кучето во вашиот говор се обидува да пронајде различни зборови или тонови кои го асоцираат на награда (прошетка или посластица). Мускулите на средното уво кај кучињата го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењата на главата, па некои експерти заклучуваат дека кучето на тој начин ве слуша и се обидува да комуницира.

Можат подобро да ни го видат лицето

Со наведнувањето на главата кучињата имаат подобар увид во нашата мимика и гестикулација врз основа на која се обидуваат подобро да не разберат.

Погледнете како овие симпатични малечки хаски го слушаат нивниот сопственик:

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »