Зимската опрема задолжителна, ова се останатите важни нешта кои треба да ги поседува вашиот автомобил во зима ! - Македонија Денес

Зимската опрема задолжителна, ова се останатите важни нешта кои треба да ги поседува вашиот автомобил во зима !

Опомена!!!

Надвор е снежно, студено, замрзнато,а вам секој ден ви е потребен автомобил за патување или за до работа и дома.

Во продолжение само за вас подготвиме 15 предмети кои морате да ги имате во автомобилот во зимските месеци – убаво е да бидете подготвени а истите нема да ви пречат.

1. Ќебе
За сите ноќни возења – или во случај греењето да ви замрзне.

2. Кибрит и батериска лампа
Се уште ова е најдобар начин како да повикате помош покрај патот.

3. Додатна течност за предното стакло
Секако дека течноста мора да има антифриз против снегот и ледот.

4. Стругалка за лед
За секој случај, доколку ве изневери течноста за стаклото.

5. Очила за сонце
Никогаш не ја потценувајте рефлексијата на сонцето од снегот.

6. Преносен полнач за мобилен
Затоа што после три итни телефонски разговори и две пораки на Whatsapp, одеднаш на 14%…

7. Помошни кабли
Студените ноќи можат да бидат причина за проблеми со акумулаторот.

8. Лопата
Можеби и најважната работа која ви треба во автомобилот, кога неочекувано силно паѓа снег.

9. Ракавици
Надвор е студено. А вие морате да го исчистите снегот околу автомобилот.

10. Лед светилка
Никогаш не сметајте само на вашиот мобилен.

11. Сол
За сите заледени подрачја на кои може да наидете.

12. Енергетски плочки
Нема ништо полошо – да се биде гладен и заглавен во сообраќај на -10….

13. Вреќа со песок
Држете го песокот во багажникот како дополнителна тежина.

14. Шише со вода
Хидратацијата е потребна секогаш и на секое место, посебно ако постои можност да останете на снег и студ.

15. Кутија за прва помош
Никогаш не знаете што може да се случи заради условите на патот, многу стругање на лед од шофершајбната…..итн.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »