Животната приказна на магнатот на кинескиот интернет: Како најбогатиот Кинез го победил баксузот кој го следел! - Македонија Денес

Животната приказна на магнатот на кинескиот интернет: Како најбогатиот Кинез го победил баксузот кој го следел!

Опомена!!!

Животната приказна на магнатот на кинескиот интернет.

Ма Јун е роден во Хангџоу во Кина. Уште во детството почнал да го вежба англискиот јазик така што зборувал со туристите во хотелот кој е оддалечен 40 минути возење со велосипед  од неговата куќа. Тој бесплатно ги шетал низ град и така го подобрувал знаењето на англискиот. Со странските туристи станал добар пријател и продолжиле да се допишуваат. Токму еден од нив го наговорил Јун да го преземе прекарот Џек затоа што е полесен за памтење и изговарање од неговото име. Џек Ма во 1988 година дипломирал англиски јазик.

Опомена!!!
Џек Ма

Мислел дека никогаш нема да добие работа

Џек по студиите се пријавил за 30 различни работи и на ниту една позиција не бил примен, а дури и Харвард го одбил 10 пати.

-Барав работа во полиција и ми кажаа дека не сум доволно добар. Тогаш појдов во КФЦ кога дојдоа во мојот град. Дваесет и четири луѓе се пријавиле за работа, примени беа 23 а јас не бев“, кажал Џек во едно интервју.

Џек Ма

Тркалото се врти

Кога во 1995 година бил во посета на Америка, пријателите му го покажале интернетот. Првиот збор кој го пребарал била „пиво“. Иако нашол бројни информации за пиво од безброј земји, не успеал да најде ништо за кинеските брендови за пиво. Потоа се обидел да најде општи информации за својата земја и – не успеал.

Заедно со пријателите направил еден „грд“ сајт за Кина. Само три часа подоцна добил неколку пораки од Кинези кои сакале да знаат повеќе за него. Тогаш Џек Ма сфатил дека интернетот може да понуди многу нешта. Во април 1995 година сопругата, пријател и тој земале кредит од 20 000 долари и покренале прва компанија која се занимава со креирање на интернет презентации за компании. За три години успеал да заработи 800 000 долари.

Денес Џек ма е најбогатиот Азијат, основач и директор на “Alibaba Group Holding ltd”, а неговата империја е процената на 28,5 милијарди долари.

Може да се каже дека Џек успешно се изборил со баксузот кој го следел. Со упорност!

Џек Ма

Највредниот бизнис совет на Џек Ма, Alibaba

До 30 години следете некого. Одете во мала компанија. Најголемата компанија ќе ве научи на процеси, а во малата ќе научите за страста, соништата, како да правите многу работи истовремено.

Во ова видео Џек Ма, основач на најголемата компанија за онлајн трговија во светот – Alibaba, зборува за работите на кои според него треба да го посветиме својот живот на различни возрасти. Погледнете што порака упатува тој кон младите луѓе и на сите кои одлучиле да започнат сопствен бизнис.

Џек Ма

Меѓу 30 и 40 треба да размислите дали веќе не може да работите за себе, ако навистина сакате да бидете претприемач.

Меѓу 40 и 50 треба да ги правите нештата во кои сте навистина добри. Ова не е времето да си ја менувате работата и да пробувате нови работи, предоцна е. Може и да успеете, но веројатноста да се соочите со неуспех е премногу голема.

Меѓу 50 и 60 работете за млади луѓе, бидејќи тие ќе ги прават работите подобро од вас.

По 60 посветете го своето време на себе, одете на плажа и уживајте во сонцето.





Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »