Животна мудрост на еден „папучар“: Јас сум партнер на својата сопруга, а не гостин кој само јаде, спие и се бања! - Македонија Денес

Животна мудрост на еден „папучар“: Јас сум партнер на својата сопруга, а не гостин кој само јаде, спие и се бања!

Опомена!!!

Мажите кои ги сакаат и ги почитуваат своите сопруги обично од страна на другите мажи  добиваат прекар „папучар“. Многумина се срамат од тие „титули“ но не би требале. Еден маж ја даде својата исповед за кој ги заслужува сите честитки.

Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговаравме, зборувавме за животот. „Ќе тргнам на секунда да измијам чинии кои останел во мијалникот“, му кажав.

папучар

Ме погледна како да му кажав дека појдов да конструирам вселенски брод. Ми се обрати целиот воодушевен но во исто време и збунет: „Добро е за тебе што и помагаш на својата жена, кога јас тоа е го сторам, мојата жена тоа не го цени. Еден ден избришав паркет, а не добив ниту едно фала“.

Се вратив и седнав до него и му објаснив дека јас не и помагам на својата жена.

„На мојата жена не и треба помош и треба партнер. Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но сигурно не се работи за помош во домот. Јаа не и помагам на мојата жена да ја исчисти куќата, затоа што и јас живеам тука и јас треба и морам да ја чистам. Јас не и помагам на својата жена во готвење, затоа што и јас сакам да јадам и јас готвам. Јас не и помагам на мојата жена да ги измие садовите по јадење, затоа што и јас ги користев тие садови. Јас не и помагам на мојата жена околу децата, затоа што тие се и мои деца, а мојата улога е да бидам татко и родител. Јас не и помагам на мојата жена да ги простира и пегла алиштата, затоа што тоа се и мои алишта и алиштата на моите деца.

Јас не сум помош во куќата, јас сум дел од таа куќа.

А што се однесува до ценењето, го прашав кога последен пат, откако неговата сопруга завршила со чистење, миење алишта, откако ја сменила постелнината на креветот, ги избањала децата, зготвила ручек, организирала и така натака, кажал благодарам? Но благодарам од видот:„Вау! Жено моја! Фантастична си!“.

Ти се чини апсурдно? Ти изгледа чудно?

А ти кога еднаш во 100 години си го исчистил паркетот, очекуваше минимум награда за исклучителноста, со полна слава.

Зошто? Дали некогаш си размислувал за тоа, пријателе?

Можеби затоа што според тебе, се е тоа нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнал сето тоа да направи,а  ти ниту со прст да не мрднеш?

Значи, цени како што би сакал тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитет.

Подади рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, спие и да се избања…

ЧУВСТВУВАЈ СЕ ВО СВОЈАТА КУЌА КАКО ВО СВОЈ ДОМ.

папучар

Кога маж вистински сака жена! Том Хенкс поради сопругата стана православец и го има најдобриот рецепт за љубов (галерија)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »