Жешка атмосфера во Рио, морето бои ги красат разголените тела (видео) - Македонија Денес

Жешка атмосфера во Рио, морето бои ги красат разголените тела (видео)

Опомена!!!

Рио де Жанеиро – Рио деновиве е преплавен со м орето бои и разголени тела. Секако, станува збор за карневал кој во Рио се одржува од 9 до 13 февруари.

Главниот дел од карневалот, кој организаторите го нарекуваат „најголема претстава на светот“ започна ноќеска на Самбодром, каде повеќе од 72 000 гледачи до раните утрински часови ги набљудуваа огромни богато декорирани платформи кои вибрираат со гласна музика.

Дефилето не е само голема шарена претстава туку тоа е и жесток натпревар во кој 13 училишта за самба се оценуваат по доста строги критериуми, како што е квалитетот на музиката, квалитетот на платформата или по тоа дали е одбрана соодветна тема. Седум училишта настапија ноќеска, а шест ќе се претстават вечерва.

Едногодишната работа на училиштата ги оценува во малку помалку од еден час настап во парадата.

Едно училиште ја одбрало темата Кина, доста од нив репродуцирале познати слики,додека пак некои имале футуристички декорации.Иако карневалот се доживува како краток здив од дневните проблеми,  училиштата за самба исто така го користат да пренесат политичка порака. Една од  главните мети годинава е градоначалникот на Рио Марсело Кривеља, кој предизвика големи критики поради тоа што ја преполовил субвенцијата за училиштата за самба. Некои сметаат дека градоначалникот, поранешен евангелистички пастор, сака да го расипе фестивалот поради неговите лични верски уверувања.Едно училиште за тема има вампир кој ќе го претставува претседателот на Бразил Мишел Темер, обвинет за корупција и чија популарноста нагло опаднала.

Минатата година на карневалот две училишта го делеле првото место и тие годинава ќе се обидат да ја одбранат титулата. Училиштето Моисидаде последно настапувало ноќеска, а училиштето Портела вечерва ќе настапи  под реден број два.

Карневалот кој почна во петокот, се одвива со силни мерки на обезбедување, го обезбедуваат 17000 полицајци.

Петдневниот карневал е еден од главните атракции на  Рио де Жанеиро.

(www.nezavisne.com)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »