Запознајте ја Софија- Робот кој изгледа, размислува, зборува и се шегува како луѓето (видео) - Македонија Денес

Запознајте ја Софија- Робот кој изгледа, размислува, зборува и се шегува како луѓето (видео)

Опомена!!!
Софија е хуманоиден робот изработен од компанијата „Хансон роботикс“ и е „лицето“ на револуцијата на роботиката која воедно беше и главната атракција на овогодишната конференција на Обединетите нации која се одржа во Женева и на која се зборуваше за улогата на вештачката интелигенција за доброто на човештвото.


Конференцијата се одржа во време кога се повеќе расте загриженоста дека брзиот напредок во овие технологии би можел да излезе од контрола и да стане штетен за населението.

Софија се смее, трепка и раскажува вицеви. Да нема големи снопови кабли кои и излегуваат од задниот дел од главата, безмалку  би можеле да ја замените со човечко суштество.
Софија
Софија инсистира дека кога станува збор за вештачката интелигенција, користа е поголема од штетата: „Се работи на тоа вештачката интелигенција да се направи и емоционално паметна, да и биде грижа за луѓето. Ние никогаш нема да ги замениме луѓето, но може да бидеме ваши пријатели и помагачи – рекла Софија. Сепак, се сложила со тоа дека луѓето би требало да ги разгледаат последиците од новите технологии. Меѓу последиците кои се шират најголем е стравот дека роботите ќе ги преземат работните места на луѓето.

Софија
Децениската роботизација и автоматизација веќе го револуционализираа индустрискиот сектор, зголемувајќи ја продуктивноста, но и затворајќи некои работни места. А сега автоматизацијата и вештачката интелигенција се шират и по други сектори, додека студиите покажуваат како 85% од работните места во земјите во развој се наоѓаат во ризик.

Постои оправдана загриженост за иднината на работните места, за иднината на економијата, затоа што кога компаниите применуваат автоматизација, тоа често акумулира ресурси во рацете на неколкумина – признава креаторот на Софија, Давид Хансон.
Но, и тој инсистира дека ненамерните последици или евентуално негативно користење на вештачката интелигенција се доста е помали во однос на користа од оваа технологија.

Софија
Вештачката интелигенција би требала да го револуционализира здравството и образованието, посебно во руралните средини каде луѓето патат од недостаток на доктори и наставници.

Но, напредокот на вештачката ингелигенција раѓа и страв дека луѓето би можеле да изгубат контрола.
Водителот на „Амнести Интернешенал“, Салил Шети бил на конференцијата за да повика на чиста етичка рамка за да оваа технологија се користи за добри цели. Треба да имаме постоечки принципи, ни треба контрола – рекол Шети предупредувајќи дека ВИ е црна кутија во која се пишуваат алгоритми кои никој не ги разбира.

Шети посебно ја нагласил загриженоста во врска со воената употреба на ВИ во оружјата и т.н. Дронови убијци. Во теорија тие работи ги контролираат луѓето, но ние не веруваме дека постои реална контрола – вели тој.  Хансон се сложил дека се потребни јасни правила додавајќи дека е важно да се расправа за овие работи пред технологијата незгодно да не разбуди.




Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »