Запознајте го најбогатиот човек во историјата на човештвото за кој никој до сега не слушнал(фото) - Македонија Денес

Запознајте го најбогатиот човек во историјата на човештвото за кој никој до сега не слушнал(фото)

Опомена!!!

Економијата денес би паднала под неговите нозе, затоа што богатството на овој човек е едноставно незамисливо.

Муса Први, Манса (или цар) од злато вредната Мали империја,владеел од 1312 до 1337 година. Се верува дека поседувал 400 милијарди долари, сметајќи во денешни пари. Тој бил толку богат што кога бил на аџилак за Мека, делел злато на секој кого го запознал на пат и притоа ненамерно ја уништил локалната економија.

богатството

Постојат бројни легенди за „златни градови“ и ултра – богати цивилизации во текот на историјата, но ова е една проверено точна и не е мит ниту легенда. За малку помалку од 400 години, од 1230 до 1600 години, царството Мали на Западна Африка било доминантна културна област во секој поглед.

богатството

Златото од Мали потекнува од три големи рудници за злато во Бамбука, Боура и Галамо, кои се споени кон царството во рана фаза на освојување. Со помош на овие три рудници, Мали обезбедил половина злато за цела Африка, Европа и Азија во 14- тиот век. Ова го правело Мали најголемо африканско царство во историјата.

Претходниот Манса исчезнал кога се обидел да пропатува околу свето со брод, така што круната му припаднала на Муса. Тој станал познат како најголемиот владетел во историјата на Мали и претставуваше златно време на царството.

богатството

Посветениот Муслиман, Манса Муса бил водечки владар на најбогатата нација на светот во 1324 година, кога решил да отпатува до светата земја Мека.

богатството

Во траење од две години, Муса била на неверојатно „луксузен“ аџилак. Проценето е дека имал 500 лични чувари, преку 100 со злато натоварени слонови како и неколку стотици камили натоварени со залихи на храна. Некои проценуваат дека во придружба имало околу 12 000 робови, а дека вкупната бројка на луѓе изнесувала 60 000.

богатството

Според арапскиот историчар Ибн Халдун, Муса бил великодушен на патот. Халдун забележал:„ На секој кого сретнал му доделил ретка храна и деликатеси“. Исто така тврди дека Муса носел „80 товари златен прав, од кои секој тежел 3 кинтари“, што вкупно било 12 000 килограми злато. Тоа според денешна пресметка би изнесувало 566 милиони долари кои ги носел на патот.

богатството

Приказни за великодушност на Муса забележале бројни писатели и историчари во текот на историјата, а додека за вистинскиот износ на златото се уште се води полемика, познато е дека златото во Египет и Арабија изгубило повеќе од својата вредност за 12 години по патувањето.

богатството

Ова само зборува како, застанувајќи во еден град, историчарот Ал – Макризи кажал „дека припадниците на неговата придружба продолжиле да купуваат турски и етиопски робинки, пејачки и облека, така што стапката на златниот динар паднала на шест дирхами“. Тоа значи дека Муса толку многу трошел што станало вообичаено златото да не вреди како порано.

богатството

Целата оваа работа околу „бесплатните пари“ не била баш најдобра за локалните подрачја, затоа што целиот остаток од економијата  бил заснован на златото.  Кога златото престанало да биде толку вредно, целата економија била разорена. Тоа го правело Муса најбогат човек на начин на кој никој друг не бил Тој практично „бил толку богат, што го прекинал целиот концепт на парите“.

богатството

Што Муса потоа направил се уште е работа за полемика помеѓу историчарите. Се верува дека на враќањето од аџилакот низ истите области виде што направил за економијата и се обидел тоа да го исправи. Наводно, го задолжил златото назад, со доста голема каматна стапка, по што тврдел дека ја исправил работата.

богатството

Наследството на Муса денес е огромно. Неговите подвизи вклучуваат и создавање на една од најдобрите библиотеки и универзитети на светот во градот Тимбукту, но дури до неодамна ретко кој знаеше за овој човек. Дури сега кога светот ја дознал приказната за него, 700 години по неговото владеење, најбогатиот човек на сите времиња конечно добил внимание кое му припаѓа.

богатството

Приказна за богатството и среќата: Приказната на ова момче нека биде ваша позитивна животна лекција

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »