Започнете успешен бизнис- Мотивирачки приказни кои ќе ве натераат да успеете! (трет дел) - Македонија Денес

Започнете успешен бизнис- Мотивирачки приказни кои ќе ве натераат да успеете! (трет дел)

Опомена!!!

Сакате да започнете сопствен бизнис, но не сте сигурни дека ги поседувате сите неопходни вештини, ниту пак доволно финансиски средства. При започнување на приватен бизнис, мора да бидете внимателни.

Многу работи мора да се проверат и знаат однапред. Сите ние сме склони кон несигурност и стравови, поготово кога го ризикуваме сопственото време и пари. Меѓутоа понекогаш сепак е потребно да претпоставите позитивен исход, па затоа и ви преставуваме три успешни бизнис приказни од разни краеви на светот:

Од хоби до работа на иднината- CityShor!

Третата приказна е најдобар пример како поединци го претвораат своето хоби во професија и бизнис. Тоа е слично на изреката- кој ќе открие што сака да работи, тој никогаш нема да работи. Така компанијата CityShor настанала како резултат на лични интереси на основачите Палав Парика и Панкај Патак.

Што е CityShor  и како се започнало?

CityShor е локално ориентирана компанија. Насочена е кон светскиот туристички пазар, рекламирајќи го градот во кој настанала. Се наоѓа во сојузната индиска држава Гуджарат и нуди информации за Ахмедабад. Доколку се одлучите за патување во оваа држава, CityShor ќе ве информира за храната, модата, туризмот и настаните кои не смее да ги пропуштите. Во бизнис смисла, оваа компанија настојува да ги популаризира вредните локални производи кои се недоволно застапени во медиумите како тв, радио, билборди и слично.

„Толку многу пати бев во Ахмедабад, а дури неодамна благодарејќи на оваа апликација дознав што е Jassuben Pizza”- воодушевено коментира еден од корисниците на апликацијата. Идејата на оваа апликација е на туристите да им се прикаже не само стереотипната понуда, туку се што би имале можност да видат во областа. Со помош на оваа апликација, секој посетител на Ахмедабад ја има можноста- дигитален локален водич.

Што порачуваат основачите на оваа апликација?

Ако разговарате со основачите на CityShor, ќе приметите дека тие не се под стрес, ниту имаат недоумици и стравови. Нивната работа истовремено е нивен живот и забава. Баш затоа оваа фирма работи опуштено, а сепак успешно. Можеби тоа е една од бизнис вредностите кои ги учиме од ваквите примери. Да го најдеме она кое го сакаме и по кое сме луди, да размислиме на кого му е потребно и да направиме работа со која ќе работиме секојдневно не размислувајќи за хоби или одмор. Тоа е единствен начин нашата работа да стане забава и забавата истовремено да ни стане финансиски исплатлива.

Доколку имате иновативна идеја, а немате финансии и не знаете како да ја реализирате, не се откажувајте!

Постојат многу начини да дојдете до парични средства и до вистинските луѓе кои би можеле да бидат ваши потенцијални партнери. Европската унија преку своите програми за финансирање на проекти, нуди неповратни финансиски грантови за иновативни и креативни бизнис идеи, па зошто една од нив да не биде токму вашата?

Сите информации околу грантовите и европските програми кои финансираат старт-ап, мали и средни претпријатија може да ги најдете ОВДЕ

Во претходните статии, уште две мотивирачки успешни бизнис приказни кои би ве интересирале:

Ризикувајте и започнете успешен бизнис- Успешна приказна која ќе ве мотивира да не се откажете! (прв дел)

 

Ризикувајте и започнете сопствен бизнис- Успешна приказна која ќе ве мотивира да успеете! (втор дел)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »