Заборавете ги Бијонсе и Роналдо: Таа ги снима најгледаните приказни на Инстаграм (видео) - Македонија Денес

Заборавете ги Бијонсе и Роналдо: Таа ги снима најгледаните приказни на Инстаграм (видео)

Опомена!!!

За само пет години оваа девојка успеала да се збогати и тоа благодарение на Инстаграм. Таа можеби нема најголем број на следбеници, најмногу лајкови, но нејзините инста приказни ги следа огромен број луѓе. Запознајте ја Елеонора Леле Понс.


Елеонора има 21 година, а родената Венецуелка има 20 милини следбеници на Инстаграм.

Кога имала пет години се преселила во Мајами, а уште во основното училиште снимала клипови за Винео. Зборувала за темите кои ги мачат тинејџерите во училиште, несреќните љубови и несигурности и доста брзо станала најгледаната корисничка на Винео. Пред две години магазинот „Time“ ја прогласи за највлијателна тинејџерка на светот.

Се претставува како манекенка, актерка, комичарка, јутјуб ѕвезда, а горда сопственичка е на договорот со американската компанија “CoverGirl”, учествувала во многу ревии.

Инстаграм

Богатството и се проценува на три милиони долари, а Business Insider” ја окарактеризирал како „феномен на животот Леле Понс“.Сега кога се сумираат резултатите во 2017 година, прогласена е и за сопственичка на профил на Инстаграм чии приказни биле најгледани.

Исто така, Форбс ја смести на осмо место на листата на најпознати инфлуенсери за 2017 година.

Интересно е дека Елеонора, поточно Леле како што сите ја препознаваат, не ја интересира само модата, убавината и комедијата. Минатата година објавила роман за преживување на средното училиште, а заинтересирана е и за политиката.

Ова е најлајкувната Инстаграм фотографија во 2017 година (фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »