За сите идни и љубопитни мајки:Кинески календар на зачнувањето ќе ви помогне да го дознаете полот на бебето!(фото) - Македонија Денес

За сите идни и љубопитни мајки:Кинески календар на зачнувањето ќе ви помогне да го дознаете полот на бебето!(фото)

Опомена!!!

Од моментот кога ќе дознае дека е бремена секоја жена со нетрпение го очекува денот кога ќе и биде соопштен полот на бебето. Со помош на овој календар, може да се претпостави полот на детето врз основа на староста на мајката и месецот во  моментот на зачнувањето  на бременоста. Затоа ако сте љубопитни и ве „копка“ дали момче или девојче – на вистинското место сте!

Кинескиот календар на зачнувањето наводно е пронајден во близина на Пекинг во гробница на еден од кинеските цареви, а направен е пред околу 700 години. Кинезите веруваат дека со помош на оваа табела лесно може да се утврди полот на бебето. Единствените два податоци кои се важни за утврдување на полот се староста на мајката во моментот на зачнувањето, како и датумот кога бебето е зачнато.

календар

Како да го дознаете полот на бебето?

Во првата колона, од лева страна, пронајдете го месецот кога најверојатно дошло до зачнувањето. Потоа, во горниот дел од таблета најдете кој е вашиот број, каде се понудени броеви од 18 до 45, кои означуваат ваши години.

Пример, ако имате 27 години и зачнувањето настанало во месецот мај, според кинескиот календар вие би требало да родите девојче.

календар

(pixabay.com)

Обрнете внимание: Поради овие осум причини здравите жени не можат да забременат

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »