За потребите на документарец на Би- Би -Си: Направиле толку добри животни што и желката сакала да се пари ...(видео) - Македонија Денес

За потребите на документарец на Би- Би -Си: Направиле толку добри животни што и желката сакала да се пари …(видео)

Опомена!!!

Неколку тимови на креатори на роботи, програмери и уметници од разни земји направиле повеќе од 30 роботи за потребите на новиот документарец на Би –Би –Си „Шпиони во дивината“.
Им беа потребни месеци макотрпна работа. На крајот беа создадени диво куче, крокодил,орангутан, свиња меркати, пингвин и многу други.
Внатрешноста им е полна со жици, мотори и комплицирана електроника која им овозможува да ги движат очите, муцките, вратот и нозете на ист начин како тоа го прават животните.
Роботичарите кои работеле на документарецот откриле дека првично за секое животно направиле калап кој потоа го скенирале во 3Д.

На тој начин тимот можел да планира комплицирани движења кои ќе ги изведуваат роботите кога ќе бидат изработени. Најмногу користеле метал и плексиглас како основа. Со притискање на само едно копче на далечинскиот управувач, роботите кои се оставени во дивина, би почнале да се однесуваат токму како животното кое го претставуваат.
Желката робот била толку автентична што мажјакот на вистинската желка се обидел да се пари со неа. Експертите така откриле бројни особини на одредени животни кои без роботите можеби засекогаш би останале непознати.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »