контактinfo@makedonijadenes.com.mk

phone-icon+389 78385060

 

Новости, иновации, едукација и вести без политика. Тоа е Македонија Денес!

Порталот Македонија Денес е медиум кој поддржува иновативни граѓани, организации и институции и е отворен за секој кој има постигнато завидни резултати, позитивни, нови и иновативни примери. Порталот не третира политички теми и нема објави за политика или политичари! Доколку постои случај или предмет на објава а има поврзаност со политика, истата објава се однесува на неполитички аспект на личноста или субјектот! (пример. Бизнис историјата на Доналд Трамп!)

 

Во согласност со КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Сите ангажирани и вклучени новинари, пишувачи, аналитичари и колумнисти на мeдиумот/порталот Македонија Денес се согласни и го прифаќаат во целост овој кодекс и принципите на позитивно известување при нивното работење.

 

ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ:

Слободата на медиумите е неприкосновено право.

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, сите ангажирани и вклучени новинари, пишувачи, аналитичари и колумнисти ќе бидат чесни, објективни и точни.

Право и должност на сите ангажирани и вклучени новинари, пишувачи, аналитичари и колумнисти е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, сите ангажирани и вклучени новинари, пишувачи, аналитичари и колумнисти ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОВИЕ ПРИНЦИПИ И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ:

1.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

2. Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист доколку е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.

3. Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

4. Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, истиот ќе го заштити.

5.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

6.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист не смее да го користи медиумот/порталот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија или јавното информирање. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.
Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

7. Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист ќе ја почитува приватноста на личноста за која пишува, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е обврзан да ги почитува личната болка и жалост.

8.Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки мора да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

9.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето. Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат.

10.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

11.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист мора се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

12.Плагијаторството е неприфатливо и казниво. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. Во спротивно медиумот/порталот ќе покрене постапка самиот, или ќе ги информира оштетените страни да покренат постапка против секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист во медиумот кој го прекршил овој став.

13.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

14.Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано во времетраење или број на статии, но не и во ставови.
Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти доколку не е член на истите.

15.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојливо со новинарската професија и оние кои се медиумски активни на социјалните мрежи е непримерната, вулгарната и не етичка комуникација со јавноста.

16.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист мора да ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум/портал за пресметка со други личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

17.Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ:
Секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист кои ќе работат и се придржуваат во согласност со овој Кодекс, ја уживаат поддршката на својата медиумска куќа и на својата професионална организација, но истата не презвема одговорност на нивните постапки, дела казниви со закон.

Во согласност со законите на Република Македонија, секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист во овој медиум/портал ќе го прифатат судот во однос на професијата само од своите колеги и ќе бидат надвор од политичко и друго влијание, освен во случај да се членови на политички субјекти.

За почитувањето на принципите од овој Кодекс се грижи секој ангажиран и вклучен новинар, пишувач, аналитичар и колумнист, да е во согласност со кодексите и принципите на сите Здруженија на новинари во Македонија.

вашето име / Your Name (*)

вашиот е-маил / Your E-mail (*)

предмет / Subject (*)

вашата порака / Your message (*)