На 13-ти мај концерт на дуо Еквилибриум - Македонија Денес

На 13-ти мај концерт на дуо Еквилибриум

Опомена!!!
Во сабота (13.05), двете млади пијанистки од дуото Еквилибриум ќе одржат концерт во салата „Бели Мугри“ во Велес.

Концертот започнува во 19:00, а публиката ќе има можност да ужива во изведбите на Шуберт, Дворжак и Дебиси. Пијанистките Магдица Димитровска и Александра Стојанова веќе подолго време настапуваат под името Еквилибриум и се добитнички на престижни музички награди.

Доколку сте љубители на класичната музика и сакате да уживате во виртуозноста на двете надежни пијанистки, тогаш ова е концерт кој треба да го посетите!

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »