Во Дубаи е отворен највисокиот хотел на светот (видео) - Македонија Денес

Во Дубаи е отворен највисокиот хотел на светот (видео)

Опомена!!!

Емиратот на Дубаи е во постојана потрага по рекорди, а на 11 февруари го отоврил највисокиот хотел на светот, висок 356 метри.

Хотелот “Gevora” во големата Авенија на Шеикот Зајед, за едно метро е повисок од досегашниот највисок хотел во истата улица. Тој претходен хотел – рекордер, висок 355 метри, од синџирот „Мериот“ и самиот го урнал рекордот на висина, кој го држел друг хотел во истата четврт. Тоа е хотелот „Роуз Рајхан“(Rose Rayhaan) на синџирот “Rotana”, висок „само“ 333 метри.

Најновиот хотел “Gevora”  е кула во златна боја со 75 ката. Има четиринаесет ресторани, базен, луксузен „спа центар“ и гимнастичка сала.

Дубаи има и највисока кула на светот, „Бурџ Халифа“, од 838 метри. Властите ја започнале изградбата на нова, уште повисока кула чија висина ја држат во тајност, за да не ги претрка конкуренцијата.

Градот – држава Дубаи е една од главните туристички дестинации на Заливот, а во 2017 година имал рекорден број од 15,8 милиони туристи, 6,2 отсто повеќе во споредба со 2016 година.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »