Внимавајте! 5 работи на кои местото не им е во паричникот ! - Македонија Денес

Внимавајте! 5 работи на кои местото не им е во паричникот !

Опомена!!!

Што се имате во вашиот паричник и кога последен пат сте го средиле? Во многу паричници можат да се најдат предмети на кои навистина не им е место. Доколку сакате да ја намалите штетата при губење на паричникот, еве кои нешта би требало да ги извадите од него. Во паричникот никогаш немојте да ги чувате:

1….пинови и лозинки од картички

Можеби не е едноставно да се запомнат сите лозинки и пинови кои ги користиме, но никако не би смееле да ги имате запишано на парче хартија кое ќе ви стои во паричникот. Чувањето на пинови заедно со дебитните и кредитните картички во паричникот, е рецепт за катарстрофа. Ако не можете да ги запаметите лозинките, запишете ги во вашиот мобилен телефон кој исто така има лозинка за отклучување.

2…картички кои ретко ги користите

Ако поседувате повеќе кредитни картички немојте секогаш сите да ги носите со себе, туку само оние кои најчесто ги користите. Така ќе ја олесните постапката за откажување на картичките во случај да останете без паричник, а и ќе имате друга кредитна картичка која ќе можете да ја користите додека не добиете нова.

3…резервен клуч

Изгубен паричник со документи од вашата домашна адреса и резервен клуч од вашиот дом, е повик за крадците. Ако го изгубите паричникот во кој се наоѓа резервниот клуч, како мерка на сигурност ќе треба да ја смените бравата, наместо тоа резервниот клуч дајте го на некој ваш роднина или на некого на кого му верувате.

4…сметки

Нека ви стане навика сметките кои во текот на денот сте ги собрале, навечер да ги извадите и да ги оставите дома за да ви се најдат во случај ако има потреба купената роба да ја вратите или замените. Сметките не е добро постојано да ги носите со себе затоа што на нив може да има податоци и за вашата картичка и ваш потпис, а тоа крадците може да го злоупотребат.

5…пасош

Кога сте во странска држава, пасошот оставете го во хотелскиот сеф или на некое друго сигурно место. Направете фотокопија од пасошот кој ќе го чувате во паричникот во случај да ви е потребен документ за идентификација. Нервозите кои доаѓаат со губење на пасошот во странска земја никој не сака да ги доживее.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »