Владимир Жоглев – каратист:“Каратето како вештина потекнува од Јапонија и во буквален превод претставува празна рака што значи одбрана без оружје” - Македонија Денес

Владимир Жоглев – каратист:“Каратето како вештина потекнува од Јапонија и во буквален превод претставува празна рака што значи одбрана без оружје”

Опомена!!!

МД:Владимир своевремено од боречките вештини и спортови на зачетокот со нивното запознавање на просторите кога бевме дел од федерацијата Југославија препознатливи беа каратетот и џудото. Денес како и целиот свет ги имаме адекватно застапени во Македонија сите боречки вештини и спортови. Како започна вашето запознавање и интерес за каратето, дотолку повеќе што е и своевидна семејна традиција но традицијата без волја и талент не се пренесува така едноставно?

ВЖ:Славчо така е ,каратето е семејна традиција кај мене, мојот татко Димитар Жоглев е еден од првите карате мајстори во Битола, а и е дел од првите генерации кои го донесоа каратето во Македонија. Така и мојот почеток е на многу рана воздраст на 3 години кога по своја желба започнав да одам на тренинзи со мојот татко и тогаш ја научив и првата ката Хеиан Шодан, добро се сеќавам беше тоа во училишната сала на основното училиште ,,Даме Груев’’, но како што кажа сам од тогаш поминаа многу години, а правилниот пристап на мојот татко никогаш да не ме присили да тренирам ми го направи каратето животна љубов и начин на живот, а не обврска, за што се разбира потоа самиот го надоградував тој мој природен талент до ден денес за да извдам максимум од себе си и моите можности.

МД:Карате клубот “Студент” од Битола е матичниот клуб. Од каде идејата за основање на овој клуб и може ли нешто повеќе за историјата?

ВЖ:Карате клубот “Студент” е основана од страна на мојот татко во сега далечната 1990. Идејата дошла следствено на добриот развој на Каратето во Македонија и чувството на недостаток на карате клубови во градот Битола во тоа време, односно бил само втор во историјата на градот. Името “Студент” е избрано заради тоа што во времето на основање имало соработка со Битолскиот Универзитет и идејата била да биде своевиден универзитетски карате клуб, но од тоа низ годините остана само името кое е задржано заради препознатливоста и брендот кој е изграден со макотрпна работа и успеси низ годините во Македонија, а и надвор од неа.

МД:Како карате клубот “Студент” од Битола котира на карате мапата на натпревари во и вон Македонија? Има ли интерес за оваа боречка вештина кај младите но и постарите генерации?

ВЖ:Карате клубот “Студент” е еден од најпрепознатливите карате клубови во државата низ својата историја имал повеќе државни шампиони во кати и борби, но и неколку балкански и европски шампиони, вице шампиони како и освојувачи на трети места што придонеса за добри односи со клубови од соседните држави и афирмација на Битола и Македонија преку успесите на нашите натпреварувачи. Реално многу луѓе поминале низ тренинзите во овај карате клуб и интерес секогаш имало и ќе има бидејќи е вештина која многу придонесува за психофизичкиот развој посебно на младите, но секогаш некое непишано правило е кога ќе достигнат одредена воздраст и обврски во секојдневниот живот повеќето луѓе се откажуваат од редовно тренирање, но затоа секогаш има нови дечиња кои сакат да научат нешто повеќе за оваа вештина и спорт и не ретко некое од нив ќе има посебен талент и желба и ќе навлезе многу подлабоко. Сепак мое мислиње е дека сега има помалку дечиња во градот од порано и затоа е намален бројот на членови за разлика од пред 10тина години што се разбира мислам дека треба да се промени и што повеќе дечки да се охрабраат да тренираат прво заради сопствено здравје и развој, но и затоа што никогаш не се знае во кој се крие некој иден успешен шампион.

МД:Претпоставувам како и сите боречки вештини и каратето се дели на сегментот со натпреварувачки карактер каде се оценуваат катите и борбите но има и сегмент на превенција во секојдневниот живот. Како вие стручно го делите каратето во и вон салата?

ВЖ:Така е, каратето се дели на спорт и вештина. Таа поделба е направена намерно заради опасноста на вештината да се користи во натпреварувачкиот карактер и поради тоа се поставени денешните правила и ограничувања. Сепак е многу различна методиката на тренирање од натпреварувачки карактер и од страна на длабоко навлегување во духот на вештината. Несомнено основната цел на каратето е употребата во самоодбрана во секојдневниот живот и кога одреден каратист ќе достигне ниво на знаење кое може да го примени на улица ќе има многу придобивки. Се разбира освен што помага при извлекување од несакани ситуации исто така има влијание врз самодовербата и сигурноста кај тие што го практикуваат. Конкретната дистинкција помеѓу салата и вон е тоа што надвор се користи само по потреба и во самоодбрана или заштита на други лица од напад, а во салата се тренира по желба и без да постои претходна причина за тоа.

МД:Како стоиме со условите за работа? Гледаме дека во светот доволно е нештото да се признае како спорт или вештина и истото станува приоритет како првенствено го пропагира здравиот начин на живот а притоа и физичката активност на оние кои го практикуваат. Жоглев како е кај нас? Има ли доволно интерес да се помогне на карате клубовите или сеуште и по толку декади опстојување тоа се сведува на самофинансирање и што причината за тоа?

ВЖ:Кај нас ситуацијата е иста како и пред 27 години се разбира се е овозможено со самофинансирање и некои еднократни спонзорства кои не се доволни за овозможуање на оптимални услови за тренинг и развој на каратето. Жално е тоа што не само што е признато како спорт и вештина туку по толку години напори и залагање каратето стана олимписки спорт и ќе биде дел од 32та олимпијада во Токио кој ќе се одржи во 2020 година за прв пат. Да не зборуваме на колку луѓе каратето му помогнало низ годинити и им го променило животот во позитивна смисла. Сепак заради недоволната популарност изостануваат сериозни спознори и луѓе кои сакаат да помогнат иако каратето е најуспешниот спорт во Македонија од осамостојувањето до денес. Сепак јас имам надеж и визија дека може да се изгради во иднина добар и современ комплекс во кои ќе се раѓаат нови светски па сега и олимписки шампиони.

МД:Кои се поволностите од изучувањето карате? Кој профил на граѓани може да го практикуваат каратето и која годишна возраст е најповолна за да се започне со карате?

ВЖ:Поволности се најпрво здравиот начин на живот, здравите навики кои се учат заедно со техниките на каратето, здравиот начин на исхрана, тргање на младите од пороците на секој дневието. Како и физичкиот развој и зацврстување на тие што тренираат исто така и примената во секојдневниот живот како што кажав претходно во самооодбрана и зголемување на самодовербата како и учењето на дисциплина, почитување и фокус што многу се наоѓа во денешното динамично време. Нема одредени ограничувања за кои може да го практикуваа тоа е и целата поента што секој може што има доволно желба и волја да тренира карате. Исто и за годините нема некои правила бидејќи се зависи од посветеноста, но како некоја идеална возраст се смета возраста околу 7 години кога детето веќе може да разбира што сака и што се учи, но тоа не значи дека ако некој е помлад или постар не може да започне да тренира и учи баш напротив нема ограничувања и затоа се вели дека е спорт за сите возрасти од 7 до 77 години.

МД:Кои се успеси во своето постоење ги има постигнато карате клубот “Студент” и како обично е поделена една календарска година во однос на полагања и натпревари?

ВЖ:Карате клубот бил со своите натпреварувачи да не ги именувам сите бидејќи се многу и неблагодарно е некој ќе изоставам па ќе ми се лутат бил многу пати и во кати и во борби шампион на Македонија како и балкански и европски шампион на клупски балкански и европски натпревари и во кати и во борби некаде тука негде се успесите. За жал немаме учествувано на клубско светско првенство и ни фали светски шампион, но затоа има безбројни успеси на меѓународните натпревари. Секоја година Карате федерацијата на Македонија изнесува календар со државни и изборни натпревари за тековната година се разбира има и плус натпревари кои се организирани од клубови со кои имаме соработка и настапуваме и на нив, а се надвор од календарот на федерација. Има и Македонска карате лига во која заради финансиска немоќ не учествуваме бидејќи бара патување секој викенд како и храна и надоместок за натпреварувачите. Полагањата за појаси по правило се одржуваат на секои три месеци пред стручна комисија составена од еминентни карате мајстори.

МД:Кога би се ограничиле во неколку реченици, зошто е пожелно да го изучувате т.е. практикувате каратето?

ВЖ:Каратето како вештина потекнува од Окинава Јапонија и во буквален превод претставува празна рака што значи дека укажува на одбрана со празна рака без оружје. Настанувањето има неколку теории дека е настанато од некоја претходна постара боречка вештина и дека е усовршено од Фунакоши Гичин, но и дека настанало за време на забрана за носење оружје во Јапонија и жителите биле секојдневно напаѓани од одредени вооружени групи-банди и за да се одбранат во духот на движењата кои ги користеле во извршување на земјоделските работи најмногу поврзани со оризот се усовршени блоковите и ударите во каратето.

МД:Каратето како што спомнав на самиот почеток има импозантна историја во Македонија, каква е неговата иднина според вашето мислење од аспект на професионалец?

ВЖ:Па да како што кажав е најуспешен спорт во Македонија и сега со прифаќањето за олимписки спорт иднината е многу светла, замислете некој каратист станува Олимписки шампион и ја издигнува Македонија највисоко во светот. Сепак има аспект кој морам да го споменам, а тоа е дека како професионалци, каратистите не сме доволно платени и неможе да се преживее само од каратето како што е случај со другите каратисти од светот кои се поддржувани да бидат што подобори концентрирајќи се само на каратето ние мораме да се финансираме и работиме и други професии заради што се губи на професионализам и се разбира има влијание на успехот на секој еден спортист. Се надевам дека во иднина тоа ќе се смени и професионалната кариера додека трае ќе може да се биде само посветен на каратето.

МД:Кои се краткорочните планови согласно годинешниот календар а кои се оние кои ве очекуваат во следната 2018 година?

ВЖ:Оваа година има уште едно натпреварување во Декември со што ќе се заврши натпреварувачката година, а во 2018 продолжуваме со исто и посилно темпо на тренирање и натпревари се разбира се надеваме дека ќе имам финансиска поддршка и помош да учествуваме на што повеќе и што поголеми натпревари со цел постигнување што поголеми успеси, бидејќи сепак не зависи само од нас и нашата спремност туку го има и тој финански дел кој моментално е најлош во Македонија, а посебно во Битола.

Разговараше: С Н

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »