Видео: Како сонот стана стварност - Лина Ѓорческа е прва тенисерка на Македонија со победа на гренслем турнир - Македонија Денес

Видео: Како сонот стана стварност – Лина Ѓорческа е прва тенисерка на Македонија со победа на гренслем турнир

Опомена!!!

Нашата најдобра тенисерка во историјата на Македонија, Лина Ѓорческа оставари голем успех за Македонија.

Ѓорческа, одигра фантастичен тенис и славеше против фаворитката американката, Саша Викери со 2-1 во сетови 6-2, 3-6, 6-3.

Со оваа победа нашата тенисерка обезбеди пласман во второто квалификациско коло на првиот гренслем во сезоната, Австралија опен.

Таа испиша историја во македонскиот тенис, станувајќи првата тенисерка од Македонија со победа на еден гренслем турнир.

Во следното коло Лина ќе игра со Унгарката Далма Галфи, 160-ти рекет во светот.

Еве како Лина влезе во историјата…

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »