Ви се заглави автомобилот во снег? Обидете се со овие трикови! - Македонија Денес

Ви се заглави автомобилот во снег? Обидете се со овие трикови!

Опомена!!!

Кога ќе почнее да вее снег, никој не знае дали ќе има снежна покривка два сантиметри или два метри, но помалку ќе се грижите доколку во вашиот автомобил ги имате овие две работи.

1

Баш е тешка оваа зима. Прво минусот без снег, а потоа и снегот, убав и бел меѓутоа ни донесе неколку главоболки. Ова најдобро го знаат оние кои изминатите денови рано наутро неможеа да го придвижат автомобилот од паркинг.

Меѓутоа, се додека автомобилот не е заглавен во снег до прозорецот, може сосема лесно и без ничија помош да го извлечете и да го придвижите.

Се додека автомобилот не е заглавен во снег до прозорецот, може сосема лесно и без ничија помош да го извлечете и да го придвижите.

Како да го решите проблемот?
Ако често го возите автомобилот во овие студени и снежни денови, добро би било во багажникот да имате две кеси песок за мачки. Ако останете заглавени во нанос од снег и мраз, истурете го песокот точно пред гумите. Така полесно ќе излезете од оваа тешка ситуација, бидејќи парчињата песок за мачки ќе им помогнат на гумите да се придвижат.

Уште еден добар совет за извлекување на автомобилот заглавен во снег е да ги искористите патосниците од автомобилот. Извлечете ги и ставете ги точно пред гумите. Тоа сигурно ќе ви помогне да тргнете.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »