Ви недостасуваат јајца за вашето јадење? Прочитајте кои намирници се совршена замена за нив? - Македонија Денес

Ви недостасуваат јајца за вашето јадење? Прочитајте кои намирници се совршена замена за нив?

Опомена!!!

Сигурно ви се случило некогаш нешто да подготвувате за јадење и да забележите дека ви недостасуваат јајца. Сте заборавиле да ги купите и немате време да одите во продавница.

Но, сигурно не знаевте дека тоа не е ништо страшно, бидејќи има намирници кои можат да ги заменат јајцата.

Еве кои намирници можат да ви помогнат во тој момент.

Компир пире
Во повеќето јадења јајцата можете да ги замените со пире од компири. Една четвртина чаша пире е еднаква на едно јајце.

Густин
Наместо јајца, исто така можете да користите густин, тој е одлично средство за врзување на состојките. Четири супени лажици помешани со четири лажици вода менуваат две јајца.

Банана
Светските готвачи препорачуваат четвртина чаша изгмечена банана, што е доволно за да замени едно јајце.

Маслиново масло
Ви се јаде нешто благо, сакате да направите торта, а немате јајца, но, и за тоа постои решение. Заменете ги јајцата со маслиново масло.

Откриваме гурмански трикови: Ставила чаша врз тестото и го исекла на 12 еднакви делови – резултатот ќе ве воодушеви (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »