Верувале или не, неработењето знае да биде и корисно?! - Македонија Денес

Верувале или не, неработењето знае да биде и корисно?!

Опомена!!!

По Данскиот концепт на “удобност” (hygge) – скандинавска наука за уживање во моментите кои навистина значат нешто, во тренд е, холандскиот концепт “никсен”, кој подразбира уживање во неработа како форма за ослободување од стрес.

Зборот ”никсен” во буквален превод значи „да не се работи ништо“, а овој животен стил подразбира состојба на мрза и не потсетува дека моментите во кои не сме продуктивни имаат голема вредност.

Иако воркохолиците ќе помислат дека никсен е досаден начин на живот, неодамнешните психолошки студии покажаа дека досадата е изненадувачки плодна за менталното здравје.

Сепак, стручните лица нагласуваат дека никсен не исто што и ментално опуштање, туку имагинативна дигресија и темелно уживање во паузите.

„Тоа се бесцелни активности како гледање низ прозорец, дружење или слушање музика“, вели тренерот за ослободување од стресот Каролин Хаминг.

Место преокупирање со мисли дека треба да бидеме активни, продуктивни и од ден во ден да си поставуваме се повеќе задачи кои треба да ги завршиме, во состојба на никсен земаме пауза, го одмараме мозокот и на тој начин ги полниме „батериите“.

Дали е време да ја смените работата?Поставете си ги самите на себе овие шест прашања и ќе го добиете вистинскиот одговор!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »