Вашето ново урбано превозно средство со големина на лаптоп(видео) - Македонија Денес

Вашето ново урбано превозно средство со големина на лаптоп(видео)

Опомена!!!

Секако прво мора да сме јасни. Ова не е лаптоп. Ова е новата иновација на урбано превозно средство кое е со големина на лаптоп и кое може да послужи за ваше побрзо а и позабавно движење низ урбаните средини и пешачките зони.

Имено станува збор за електронска плоча која во основа има четири тркала и мотор кој секако се напојува со електрична енергија а со истиот се ракува со поместување на тежината на вашето тело. Секако оваа иновација за оние кои сакаат поекстремни пристапи не е атрактивна но не секој сака да “жонглира” со нешто на две тркала па затоа го измисливме овој нов систем кој може да го користи и деловен човек но и студент или дете.

Самиот изглед е првенствено уникатен. Никаде не се гледаат подвижните сегменти и батеријата па така имате чувство дека лебдите во воздух. Следи практичниот пренос затоа што она што е со големина на лаптоп може да го собере за пренос во торба за лаптоп или вашиот ранец.

Убавината кај оваа иновација е сигурноста. Сега сте на стабилна површина и паѓањето не е опција. Останува уште пред да започнете активно да го користите во урбаните средини и пешачките зони да повежбате како со распределба на телесната тежина оваа иновација функционира.

“Размислувавме за нешто уникатно. Секако дека според некого ова е дизајн кој не е атрактивен но ние сакавме нешто безбедно. Самото возило е лесно преносно но со тоа и сносиме одговорност дека истото ќе се води во пешачки зони па и поголеми затворени простори. Моторот целосно се напојува со електрилна енергија а основата која е стабилна реагира со мали придвижувања на вашата телесна тежина кон напред за да забрзате, со исправање за да застанете и мошне мали накосувања за да завртите десно или лево.

На тест периодите имавме варијација на таргет групи но се изненадивме кога се појавија и деловни лица кои сакаа да го пробаат новиот производ. Секако примарниот ефект за привлекување беше што овде едноставно не може да паднете.”

Новиот вид на мобилно персонифицирано превозно средство се предвидува да овозможи побрз и позабавен начин како да се помине растојанието од вашиот дом или метро станица до вашето работно место или факултет.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »