Ваква реклама за сладолед не сте виделе досега! Ноќен кошмар(видео) - Македонија Денес

Ваква реклама за сладолед не сте виделе досега! Ноќен кошмар(видео)

Опомена!!!

Што добивате кога ќе помешате роботи и сладолед? Ако судиме по оваа реклама, ноќен кошмар!

Компанијата Хало Топ, позната во САД по нискокалоричен сладолед, сними прилично невкусна реклама каде една жена се буди во целосно бела просторија, а роботот ја храни со сладолед.

Откако на стартот и се допаѓа, потоа сè оди погрешно. Роботот на нејзиното прашање каде се наоѓа, одговара со “На луѓето им треба сладолед”.

На сите други прашања, одговорот на роботот е “Јади сладолед“, носејќи и лажица кон нејзината уста.

На крајот на рекламата, жената останува сама во собата со неколку роботи, додека гледачите остануваат сосема збунети.

Коментарите претежно се дека, иако сладоледот е одличен, рекламата воопшто не!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »