Уживање во природата со поглед од птичја перспектива(видео) - Македонија Денес

Уживање во природата со поглед од птичја перспектива(видео)

Опомена!!!

Ако по насловот на оваа вест помисливте дека ќе летате сте се излажале. Нема да ја напуштите безбедноста на земјиното тло, но сепак ќе имате ултимативно доживување со поглед кој го има една птица.

Се работи за иновација која се нарекува и The Parrot и во основа се работи за аеродинамичен робот кој визуелно наликува на старите спејс шатли. Роботизираниот дел не овозможува многу новитети од физички аспект на летот но софтверски ви овозможува одлично доживување.

“Кога размислувавме за ваков вид на летало прво бевме фокусирани на тоа леталото само да снима и фотографира при што сопственикот ќе може само да го маневрира а потоа да ги симне и разгледува фотографиите и видео материјалот. Но на пазарот излегоа 3D наочарите и некако приказната продолжи самата од себе да се надоградува.

Во основа The Parrot е своевиден змеј или авион во кој сместивме и софтверски дел до робот. Работи на електрична енергија. Полетувањето е лесно. Кога ќе ги совладата вештините и слетувањето станува пракса. Она што мора да го научите а воедно го прави ова искуство ултимативно е погледот. Имено софтверот во леталото навигациски се раководи со џојстик и тука нема некоја нова филозофија. Она што е иновација е комбинацијата на 3D очила со кои вие летате in real time.

Всушност тоа беше најзабавниот дел од иновацијата а воедно и пресудниот зошто овој производ има поголема вредност на пазарот. По полетувањето за почеток не препорачуваме да ги ставите веднаш 3D очилата затоа што реално влегувате во тотално друг свет од птичја перспектива па лесно може да имате “тешко” приземјување. Прво испитајте го теренот, впрочем затоа и овој вид летала е предвиден за широки отворени пространства а забранет за урбани средини. Откако ќе го осознаете просторот со кој може да владеете ставете ги 3D очилата. Вие со тоа имате поглед од камерата која е на самиот клун на леталото и имате само поглед од перспектива на птица. Со одредени команди целиот лет може да го снимате а фазно кога нешто ќе ви се допадне и да фотографирате. Откако ќе го совладате чудниот светоглед на птиците може побрзо да ги користите 3D очилата”.

Секако иноваторите имаат и друга намена на ова летало. Тоа примарно е изработено за забава но како складира видео материјал и фотографии може да се користи во кризни зони, зони погодени од природни катастрофи па и воени полиња.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »