Уште ова недостигаше! Неверството може да ви го спаси бракот! - Македонија Денес

Уште ова недостигаше! Неверството може да ви го спаси бракот!

Опомена!!!

Се повеќе и повеќе разводи и неверни партнери. Долгорочните врски се потешко се одржуваат, а по откривањето на неверството на некој од партнерите, тука се става точка на заедничкиот однос.

Брачниот советник Естер Пере тврди дека неверството може позитивно да влијае на подобрувањето на партнерските односи, бидејќи после тоа, партнерите стануваат свесни за тоа зошто воопшто дошло до неверство и што би требало да менуваат во односите ако сакаат да останат заедно.

Се случува мажот да не ја сфаќа сериозно жената кога го предупредува дека е незадоволна од односот. На повеќето пораки дека и недостига внимание, разбирање, мажите не им придаваат многу значење.

Дури тогаш кога сопругата ќе го изневери сопругот, мажите почнуваат да размислуваат зошто се случило тоа. Тогаш, настануваат промените во однесувањето, и тоа на подобро, ако парот сака да го спаси односот.

Ако едната страна одлучила дека повеќе не сака да остане во таа врска, веројатно неверството ќе го искористи како причина.

– Повеќето возрасни личности ќе имаат две, три врски кога ќе пораснат. Тоа можат да бидат врски и со исти личности. Кога ќе завршите едно поглавје, отворате друго и почнувате врска одново меѓусебно, вели Естер за “Бизнис инсајдер”.

Кој би рекол? Еве колку време е потребно да бидете во врска, за бракот да биде идеален!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »