Уште еден одличен проект на градоначалникот - „Посвои дрво“ - Македонија Денес

Уште еден одличен проект на градоначалникот – „Посвои дрво“

Опомена!!!

Во последните неколку години порастот на температурите е значително зголемен, а воздухот се позагаден. Секоја година е се потопло во многу краишта низ светот, а се повеќе се градат цврсти градби наместо зеленило и паркови.

Градот Мелбурн решил на инветивен начин да се соочи со климатските промени. Истражувањата покажуваат дека зголемувањето на зелената површина на градот за само 10 проценти би можела да компензира за зголемувањето на температурите, вегетацијата да помогне при блокирање на сончевото зрачење, како и при ладење на амбиенталниот воздух. Со зелената вегетација ќе се создаде и покомфорна микроклима.

Градот Мелбурн, заедно со градоначалникот Роберт Дојл ги охрабрува граѓаните да се гордеат со урбаното зеленило преку својата стратегија за урбани шуми, садејќи 70 000 дрва. Сите овие дрва се означени во централната дата база на податоци, а граѓаните можат да посвојат дрво, да му дадат име, да се грижат за него и да ги споделат сите податоци за состојбата на дрвото преку социјалните мрежи. Секое дрво има своја е-пошта која им овозможува на граѓаните да пријавуваат дефекти и болести, па дури и да испратат љубовни писма.

Денеска, Мелбурн е 22 проценти покриен со дрва, а се очекува бројката до 2040 година да порасне до 40 проценти. Со развивање на нови алатки и процеси, како и правилна нега и грижа за дрвата за да се намали негативниот ефект од климатските промени, Мелбурн е позициониран како глобален лидер во урбаното шумарство.

Овој австралиски град има и специјален веб сајт за сите овие дрва, каде што се наоѓа мапа на урбаните шуми низ градот. На интеркативната мапа, корисниците може да ги видат сите дрва, како и да научат се за шумите, видовите на шума, како и за одржувањето во живот на дрвцата. Доколку сакате да погледнете како изгледа тоа, одете ОВДЕ

Проектот на Мелбурн го следат многу светски градови кои се соочуваат со истиот проблем, а досегашните резултати се одлични. Ова би било супер идеја доколку би се применила и во Скопје во иднина.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »