Универзитетот од Единбург со 100 милиони евра грантови од Хоризон 2020 - Македонија Денес

Универзитетот од Единбург со 100 милиони евра грантови од Хоризон 2020

Опомена!!!

Универзитетот од Единбург, основан е во 1582 година и е еден од најстарите шкотски универзитети.

Моментално е рангиран како 19-ти најдобар универзитет во светот, а 6-ти во Европа. Во историјата играл важна улога за подобрување на интелектуалниот имиџ на градот Единбург во Шкотска, а за тоа допринеле и многу звучни имиња од науката. На овој универзитет студирале 21 добитник на Нобелова награда, двајца добитници на Пулицер, тројца премиери на Велика Британија, олимписки медалисти како и дел од најголемите инвентори: Александар Грахам Бел, изумителот на телефонот, Чарлс Дарвин, Томас Бејс, Џејмс Максвел и многу други.

На универзитетот од Единбург се школуваат 36,491, а годишно аплицираат околу 50 000 потенцијални студенти, но секако се врши ригорозна селекција на кандидатите.  Поделен е на три колеџи и ги опфаќа општествените и социјалните науки, наука и инжинерство и медицина и ветерина медицина.

Поради репутацијата која ја ужива како и бројните иновации, само во последните три години во период од 2014-2016 година, од програмата Хоризон 2020 е добитник на грантови во висина од 100.521.311 евра. Добиените неповратни финансиски средства се распределени за вкупно 142 проекти.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и за условите кои ги нуди доколку сакате да аплицирате со проект, сите информации може да ги најдете ТУКА.

 

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »