Учите, а ништо не можете да запомните: Оваа билка треба да ја мирисате за подобра меморија! - Македонија Денес

Учите, а ништо не можете да запомните: Оваа билка треба да ја мирисате за подобра меморија!

Опомена!!!

Испитите на универзитетите се се поблиску, а универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може да ја подобри меморијата.

Според истражувањето, учениците и студентите кои работеле во простории со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија.

Овие резултати се во согласност со тестови наменети за возрасни, рече Марк Мос од Универзитетот во Нортамбрија, наведува Би Би Си.

Мос изјавил дека истражувањето само ги потврдило претходните уверувања дека рузмаринот влијае на меморијата. Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добра меморија, пишува Би Би Си, додавајќи дека учениците во античка Грција носеле венци од рузмарин на испитите.

Истражувањето ќе биде претставено оваа недела на годишната конференција на Британското психолошко општество.

Моќно: Професор со помош на стуткана хартија совршено им објаснил на учениците што значи да се биде привилегиран

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »