Турската култна актерка и поп пејачка, Мухтерем Нур е родена битолчанка - Македонија Денес

Турската култна актерка и поп пејачка, Мухтерем Нур е родена битолчанка

Опомена!!!

Република Турција, во доајените на кинематографијата, со големи златни букви го запишала името на Мухтерем Нур, која сеуште е актуелна на филмското платно.Малкумина знаат дека Мухтерем Нур [85] е битолчанка. Но со оглед на бурното животно минато тоа е и очекувано. Нејзиното право име е Ајсел Киса и е родена на 31 декември 1932 година во Битола.

Ајсел со самото раѓање ја губи својата 16 годишна мајка, и никогаш не го запознала својот биолошки татко. Согласно политиките за посвојување во тогашно време, Ајсел добива православно, т.н. неутрално име, и до 1942 година се вика Олга. Уште од дете остава силен впечаток со својата убавина, но и талентот за глума поради што ја прави интерeсна и неодминливо забележителна како мало девојче, по битолските сокаци.  

Со членови од своето семејство, кои ги пронаоѓа низ годините, се сели прво во мало место во близина а потоа и во самиот Истанбул. Во Турција го добива средното име и од Олга станува Ајсел Мухтерем Киса. По завршувањето на образованието, започнува да работи во фабрика како обична работничка, но среќата и овозможува сосема случајно да се запознае со Сузан Јакар Руткај [ 1920 – 1992 ] првата жена филмски продуцент, а воедно и првата филмска актерка во Турција која работи за престижната компанија “Халк филм”.


Јакар го препознава талентот кој со себе го носи Ајсел, но нејзиното име едноставно не е примамливо за светот на уметноста па се раѓа новата ѕвезда на турското филмско небо, овој пат под името Мухтерем Нур.

Нур на професионално поле граби кон височините, но приватно упорно ја бара својата сродна душа, па зад себе остава еден развод и неколку врски од тогашниот турски џет сет, за во 1982 година да се пронајде во ликот на познатиот пејач на етно песни, Муслум Ѓурсес [ 1953 – 2013 ] со кого започнува и заеднички настапи иако Нур повеќе ја сака забавната музика.

Нур во својата богата филмска кариера, има импозантна биографија, со првото појавување на големото платно во 1951 година од кога до нејзиното последно филмско остварување во 2008 година, има снимено над 180 долгометражни филмови како и безброј телевизиски серии.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »