Турбан како алтернатива на топла капа и шешир(галерија) - Македонија Денес

Турбан како алтернатива на топла капа и шешир(галерија)

Опомена!!!

За трите зимски месеци, дури и најубавите и топли шешири на сите ќе ни станат досадни.

Ви препорачуваме да ја освежите вашата колекција на плетени капи со алтернатива како што се брилијантните беретки, или уште подобро – турбан.

Турбаните обично се носат во текот на летото и придонесуваат за создавање на бохо изглед. Овој моден додаток бил популарен во текот на 1960-тите, кога холивудските диви честопати носеле турбани на церемонијалните настани. Со текот на годините турбанот не ја изгуби својата важност а познатите модни куќи го претставуваат во своите колекции, во различни негови верзии.

За есенската и зимската сезона, најдобро е да се одбере турбан од кожа, како што тоа го предлага брендот Гучи, топла волна или плетиво. Овој необичен моден додаток не само што ќе додаде посебен шарм на вашиот изглед, туку и ќе ја заштити вашата коса.

Оваа зима носете турбан со капут или топол кардиган и не заборавајте да го завршите вашиот изглед со спектакуларен накит.

Парче облека задолжително за претстојните забави: Сребрен фустан(фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »