Црни балетанки кои одговараат на сите(галерија) - Македонија Денес

Црни балетанки кои одговараат на сите(галерија)

Опомена!!!

Бидејќи покласичен пар на чевли не можете ниту да замислите …

Фустани, здолништа, панталони и фармерки – може да се носат со било каков вид обувки. Ние за вас одбравме неодоливи балетанки во црна боја, во кои е невозможно да не се чувствувате женствено.

Остриот врв и црната боја навистина прават чуда, визуелно ги продолжуваат нозете. Ако сте исплашени дека миди здолништето ќе ја “изеде” вашата висина, балетанките во црна боја ќе ја спасат ситуацијата, па не брзајте да одбирате високи потпетици. Истото важи и за должината на пантолоните 7/8 – главната работа е да се одберете модел со висок струк.

Сигурни сме дека откако ќе го најдете вашиот омилен пар, нема да сакате да ги соблечете од вас.
Поради оваа причина, ви предлагаме оваа пролет и лето да си набавите црни балетанки кои ќе ги носите со вашата омилена облека. Најубавите без сомнение се на Aquazzura и Tory Burch – со златен вез на црн сомот и копче.

Сестраноста на црните балетанки може да биде бесконечна, но она што е најпријатно – тие се наоѓаат во понудите на речиси сите брендови.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »