Трик кој ги воодушеви мајките:Еве како да му дадете на бебето течен лек, а да не го исплука (фото) - Македонија Денес

Трик кој ги воодушеви мајките:Еве како да му дадете на бебето течен лек, а да не го исплука (фото)

Опомена!!!

Една мајка решила на нејзин профил на Фејсбук да покаже како успеала да му даде течен лек на своето бебе. Нејзиниот трик ги воодушеви родителите ширум светот.

Кога нејзиниот син се разболел и морал да пие парацетамол, мајката Хелен Ли имала проблем како да му го даде на бебето овој лек, а тоа да не го исплука.

По неколку неуспешни обиди, таа пронашла начин: ставила шприц со лекот во детско шишенце.

бебе

-За сите мајки…Последните 24 часа се мачев за да го натерам Алфи да успие парацетамол, а се завршуваше така што беше прекриен со половина доза по облеката  од која дел плукаше и врз мене. Затоа ми текна дека го видов овој трик. Ниту еден дел не остана не испиен и тоа без солзи!Ве молам слободно споделете го ова со други мајки кои ги познавате“, напишала мајката покрај фотографијата.

бебе

Откако ја објавила фотографијата на која му дава лек на бебето, нејзиниот трик станал вирален, а родителите ширум светот освен што ја фалеле исто така и биле благодарни на овој корисен трик.

Поставил безбедносна камера во собата на бебето: Снимката на неговата жена ќе ве насмее до солзи (видео)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »