Тренд аларм: oversized џемпери(фото) - Македонија Денес

Тренд аларм: oversized џемпери(фото)

Опомена!!!

XXL џемпери се парче облека без кое зимата не може да помине. Ако мислите дека тие не се за вас и ако не знаете како да ги комбинирате, ќе ви дадеме неколку совети по кои веќе нема да излезете од ваквите џемпери.

Температурите повторно паднаа, така што погледнете како да ги стилизирате овие XXL џемпери на современ и модерен начин.

1. XXL џемпер + кожни панталони
Големото плетиво изгледа особено добро во комбинација со кожни црни панталони. Контрастот на рок / кул изглед со мек плетен џемпер ќе ви даде софистициран casual изглед.

2. XXL џемпер + здолниште
Ако сте љубителка на здолништа, XXL џемперот е она што ви треба. Тие прекрасно изгледаат со здолништа под колена. Можете да одберете и асиметрично здолниште, во метални тонови или со цветен дезен. Голем џемпер ќе изгледа одлично и со тесно грубо здолниште или нежно лелеаво здолниште.

3. XXL џемпер + фармерки
Oversized џемперите во комбинација со фармерки ви звучи здодевно и обично? Можеби, но никако ако џемперот го комбинирате со фармерки кои надолу се прошируваат ѕвонесто, и уште ако одберете џемпер со интересен дезен, односно ребрест или во облик на плетенка.

Ова се очилата за сонце кои ќе бидат хит оваа пролет!(фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »