Трајче Ѓоргиев со златен медал на Турската Олимпијада 2017 (видео) - Македонија Денес

Трајче Ѓоргиев со златен медал на Турската Олимпијада 2017 (видео)

Опомена!!!

Младиот Трајче Ѓоргиев од Струмица, викендов во најдобро светло се престави пред турската публика и освои златен медал на Турската Олимпијада.

За неговите успеси и патешествија, Траче вели:

„Драги мои, помина цел месец исполнет со прекрасни и незаборавни моменти, месец исполнет со патувања и нови стекнати искуства. Помина втората моја мала турнеја која започна со патување во Америка, на Genius Olympiad која се оддржа во New York, потоа доживувањата продолжија во Washington, New Jersey, Niagara Falls и Oswego. Денот кога се вратив дома беше истиот тој ден и кога повторно заминав и го продолжив својот пат кон Германија на големиот интернационален фестивал IFLC(International festival of language and culture) и Colors of the world, каде што имав два настапи во Stuttgart и Bochum, а после една недела моите настапи продолжија во Белгија, во Brussels на истиот тој фестивал каде го освоив првото место. Помина уште една исполнета недела и кога помислив дека се враќам конечно дома, доживувањата продолжија на местото каде што започна сé, на сцената на Pinkove zvezdice настапив повторно и ја осетив онаа топлина од 2015 година. Денес со полн ќеиф и исполнето срце чест ми е да ви ја претставам песната и видео записот со којa освоив ЗЛАТЕН МЕДАЛ на Турската олимпијада(Turkce Olimpiyatlari)2017 година“

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »