Трабант доминира во Германија: Некогаш сопствениците го чуваа од свињите, а денес е побрз од најскапите тркачки модели (видео) - Македонија Денес

Трабант доминира во Германија: Некогаш сопствениците го чуваа од свињите, а денес е побрз од најскапите тркачки модели (видео)

Опомена!!!

Некогаш симбол на автомобилската индустрија на источниот блок, често беше ставан во контекст на лошо возило кое не би преживеало налет на свињи. Но, по се изгледа дека времињата се смениле.

Рене Белов има работилница за стари автомобили, а во договор со неговиот татко, одлучил од пластичен Трабант 601 да создаде спектакуларна машина која може да им парира и на брзите модели на новата генерација.

Некогаш гордост на комунистичките земји, а особено на Источна Германија, Трабантот никогаш не оддавал впечаток на брз автомобил. Покрај тоа, Трабант никогаш не бил рангиран ниту помеѓу најубавите модели. Иако Трабантот на Рене е подеднакво „грд“ како и сите други, под каросеријата спие вистинска ѕверка.

Овој автомобил во себе има турбо мотор, а за да биде уште побрз Рене додал и неколку нутризасилувачи. Тоа значи дека Рене со околу 600 коњски сили едноставно победува на повеќето брзински трки во Германија.

Така повеќе пати ги победил фризираните Фолксвагени, тунираните Мерцедеси, а најголемиот трофеј пристигнал кога на брзинска трка стариот Трабант го победил јапонскиот „ѕвер“ Нисан ГТ- Р.

Тоа е автомобил кој има најбрза реакција на стартот и до 100 км/ч забрзува за нешто повеќе од две секунди. Но и него Трабантот на Рене го оставил зад себе. Нисан патеката од 400 метри ја поминал за 11,,8 секунди, а Трабантот успеал да ја помине за 11,3 секунди.

Меѓутоа, не е така лесно да се стави силен мотор во стар Трабант. Рене вели дека поради тоа морал да ја засили шасијата, стави пошироки гуми и направи рампа со тркала на задниот дел од Трабантот. Таа служи Трабант  да не се крене за време на забрзувањето. Да ја нема неа предниот крај би се кренал и автомобилот би се превртел на кровот.  

Погледнете го најбрзиот камион на светот (видео)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »