Топ 5 - јакни и капути за есен/зима (фото) - Македонија Денес

Топ 5 – јакни и капути за есен/зима (фото)

Опомена!!!

Кога времето станува мрачно, а на улиците има малку бои, тоа значи дека треба да ги додадеме во нашата гардероба.

Од неодамна, модата станува се повеќе и повеќе утилитарна, а дизајнерите освен што се грижат да изгледаме убаво, сега веќе се грижат и да се чувствуваме удобно. Денес бираме јакни и капути кои ќе ни помогнат да се загрееме и, во исто време, да го зачуваме својот стил.

Капути
Во оваа сезона, покрај вообичаената камел боја, можеме да одбереме капут со вертикални ленти. Исто така во мода се и црвени капути.

Тексас јакна
Сина или црна, со нитни, плочки или обоена со вез – оваа есен дефинитивно треба да имаме барем една тексас јакна во плакарот.

Кожна јакна
Кожните јакни се наше омилено парче во есенската сезона. Одберете ја вистинската силуета или модел од 80-тите, или подобро – неколку верзии во исто време.

Јакна направена од вештачко крзно
Вештачкото крзно е топло и модерно. Дизајнерите нудат материјал кој го имитира крзното на вистинските животни, додека шарените и светли бои го прават секое парче уникатно.

Парка
Можеби најрелевантниот вид облека за есенската сезона е парка јакната. Во оваа сезона, тие стануваат не само топли, туку и посовремени. Во првите месеци од есента, предлагаме кратка парка јакна, додека за студениот период можете да одберете подолг модел со крзно.

Како да носите сребрено здолниште оваа есен(галерија)

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »